X
 01.09.2023 Забава

На Малта се одржа претстава за кучиња, прва од овој вид во светот

Пред еден месец „Театру Малта“, националниот театар на оваа медитеранска земја, ја претстави својата прва претстава наменета за кучиња.

Претставата наречена „Фи До“ е напишана и изведена на начин што ќе им се допадне на кучињата исто како и на луѓето. Ова веројатно е првата претстава од овој вид во историјата. На логото на театарот има глава од куче, па се чини соодветна одлуката да му оддадат почит на најдобриот пријател на човекот.

Кога станува збор за приказната, тоа е љубовна приказна помеѓу луѓето и кучињата, луѓето и луѓето, кучињата и кучињата и сите видови односи што ги воспоставуваат кучињата, вели Пејџ Алертон, една од режисерките на претставата. Музиката за претставата е на Карл Фиорини, кој ги истражувал звуците кои кучињата ги доживуваат како пријатни.

Претставата се одвивала во национален парк, а сопствениците на миленичиња морале да си донесат столови за да уживаат во надворешниот амбиент. На претставата имало и тренер за кучиња и болничари.

Влезницата за кучињата чинела 1 евро, но нивните сопственици морале да платат влезница од 10 евра за да уживаат во 30-минутната претстава.

Извор: Pametni gradovi
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава