X
 05.07.2016 Живот

Временска прогноза за наредните 5 (пет) дена

Денес е вторник, 5 јули 2016 година, 187-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:00, а ќе зајде во 20:14 часот. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути.

Во Македонија имаме претежно сончево и топло утро. Во северозападните како и во јужните делови на Македонија има зголемена облачност, но во наредните неколку часови оваа облачност ќе се намалува.

МАКЕДОНИЈА
- Во Македонија во текот на денот ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и топло време. Во доцните попладневни часови во крајните југозападни како и крајните југоисточни предели со услови за локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Утринските температури се во опаѓање и се движат од 12 до 21 степен, додека пак максималните дневни температури ќе се движат од 24 до 35 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска претежно сончево со мала локална облачност и топло. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 17 степени, а максималната дневна ќе достигне до 33 степени. УВ индекс 9.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во среда во утринските и претпладневните часови претежно сончево, попладне и навечер нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици и температури од 26 до 37 степени. Од четврток стабилизација на времето, сончево и посвежо со пад на максималните температури кои ќе се движат во интервали од 22 до 33 степени. Во петок и сабота осетен пад на утринските температури кои ќе се спуштат до 8 односно до 17 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло со пораст на максималните температури. Во петок максималните ќе достигнат до 23 односно до 34 степени, а во сабота од 26 до 37 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот