X
 06.07.2016 Забава

Што вели вашата профилна слика за вас?

Иако сметате дека е само една фотографија, сепак таа знае да каже доста за вас и за вашиот карактер. Фотографија - амблем или значка која ве покажува најдобро, им покажува на луѓето кои сте Вие.


Било што поврзано со трагедија, и филтрирано

Со сигурност тврдиме дека доколку ви соопштиме лоша вест, дека ќе возвратите со барем 2 тажни смајлиња.

Слика од вас со боја на лицето сликано на некој маскенбал или улична парада пред две години

Едноставно не можете да го преминете фактот колку ви било забавно.

Слика како пиете пиво од кригла или некој коктел


Вие сте таа личност што секогаш предлага пијачки во 5 до 12 секој ден. Иако повеќето од Вашите пријатели се зафатени со работа или имаат некој друг план, вие сепак инсистирате. Па затоа кога навистина ќе излезете во паб, се сликате и ја ставате сликата на Фејсбук, за да знаат сите останати дека вие излегувате по пабови.

Слика од далечина на плажа, свртени со грбот кон камерата со силен тен

Вие сте сигурно човек кој вели колку е важен фитнесот и здравата исхрана, и како се чувствувате прекрасно откако сте престанале да јадете леб.

Вие на венчавка, полу-позирате на камерата

Вие сте секогаш поканети на венчавките. Иако не секогаш сте биле дел од невестинската забава или сте дел од поблиското семејство, вие сте гостин, во вашиот костум или фустан, правејќи гужва наоколу.

Селфи од вас и вашето милениче, кое не е баш заинтересирано

Целата поента на животните на слика е да покажат дека вие знаете да бидете одговорни, дека можете да се грижите за некое малечко, а тоа да ви возврати слепа, верна љубов. И вие секако тоа ќе го искористите за да направите слика која брои лајкови.

Само слика од вашето милениче

Вие имате над 50 години, вашите деца се веќе пораснати, и сега сте сами со вашите мачки. Вашата ќерка ви направила Фејсбук профил но вие не знаете баш како да го користите. Ги додадовте сите Ваши пријатели и коментирате на секој статус.

Црно-бела слика од вас како држите камера

Вие сигурно имате земено курс по фотографирање кој траел 2 месеца, и се уште не сте сигурно кој е концептот на ефектот кој сте го користеле на сликата.

Слика од анимиран лик

Вие не можете да се грижите за вистинскиот живот и никогаш нема ни да се грижите.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава