X
 19.07.2016 Живот

Вистинската приказна за оваа морничава фотографија

16 годишната Зои Рот не е пироман. Но точно e тоа дека пред неколку години таа заедно со една другарка два часа се обидувала да запали камперски оган во Лејк Тахо, каде таа работи во ресторан за време на летниот распуст.

 

1


„Се' беше влажно и страшно не' фрустрираше. Во себе си реков: Ајде, ова е мојата фотографија по која сите ме препознаваат“, низ насмевка раскажува таа.

Фотографијата која Зои ја споменува наречена „Disaster Girl“, ја покажува Зои на 4 години како итро ѝ се насмевнува на камерата додека во позадина гори куќа. Таа изгледа доста симпатично, и доста морничаво истовремено.

Но, Зои не ја запалила куќата. Таа гледале телевизија со нејзиниот брат Тристан едно саботно утро во јануари 2004 година, кога нејзината мајка рекла дека во соседството гори куќа. Дејв Рут, таткото на Зои набрзина ги собрал децата и неговата дигитална камера.

До моментот кога пристигнале на местото на пожарот, веќе се направила гужва. Исчезнало секое чувство на опасност кога случајните минувачи дознале дека куќата била донирана на пожарната за обука. Пожарникарите ги поканиле и децата да го испрскаат огнот со цревото. Во меѓувреме, семејството Рут ги набљудувало пламените преку улица.

 

2


„Не постоеше никаква опасност или стрес. Заедно со децата шетавме на околу за да го гледаме огнот од различни агли. Беше нешто што не се доживува секој ден“, вели Дејв.

Дејв, фотограф аматер, направил 30-тина фотографии, фотографирајќи ги Зои и Тристан како го гледаат пожарот. Три години подоцна, тој поставил една од фотографиите од Зои со наслов „Firestarter“. Започнале коментарите, принудувајќи го Дејв да ја набљудува неговата работа во ново светло.

„Претпоставувам дека бидејќи ја знаев приказната, го занемарив изразот на лицето на Зои се' до поставувањето на фотографијата. Но некој кој воопшто не знае што се случува мора да си ја замисли ситуацијата и секако, да го земе во предвид изразот на малото девојче со морничава насмевка. Изгледа како хорор филм“, додава тој.

Во ноември 2007 година Дејв ја пријавил фотографијата на фото-натпреварот „Emotion Capture“ организиран од „JPG Мagazine“. Неколку месеци подоцна тој освои 100 долари, претплата од списанието и објавување во изданието февруари/март 2008 година. Наместо да ѝ ги каже новостите на Зои, тој одлучил да ја изненади и ѝ го дал магазинот.

 

2


„Мојот татко ми го даде списанието, и јас започнав да го разгледувам. Ја забележав фотографијата и полудев од среќа. Следниот ден го однесов на училиште и фотографијата ја покажав на сите. Се чувствував како позната личност“, вели Зои.

Магазинот ја сподели фотографијата на својата веб страна и фотографијата започна да се шири. Интернет корисниците започнаа да ја фотошопираат Зои во историски катастрофи, од потонувањето на Титаник до атомската бомба во Хирошима и 9/11. Нејзиниот татко не знаел за фотографиите се' додека негов пријател не му ги покажал.

„На Зои ѝ ги покажав фотографиите кои кружеа низ интернетот“, вели Дејв.

Подоцна, кога се роди фотографијата со поконвенционален стил, на оригиналот од фотографијата се појави и текст со кој се објаснува причината за пожарот: „Ти реков дека сакам пони“; „Не ми дадоја барбика, па им дадов скара“, и омиленото на Зои: „Следниот пат купете ги проклетите колачиња“.

Зои е горда што е „Disaster Girl“, и покрај тоа што го видела нејзиното лице на неколку вознемирувачки слики. „Имаше само една фотографија која ми беше непријатна. Моето лице беше фотошопирано на лицето на Хитлер“.

Кога Зои стана позната во 2008 година, повеќето мемиња останаа анонимни. Зои порасна како и секое нормално дете.

„Пред неколку години, еден дечко од Шпанија сакаше да ги купи правата за фотографијата. Не знам колку беше подготвен да плати, меѓутоа јас не сакав да ги продадам. Ова беше единствената фотографија која сум ја направил и која генерирала ваков вид на интерес, но никогаш не ја направив со идеја дека со неа ќе правам пари“, вели Дејв.

На интернет Зои се'уште има 4 години. Во реалниот живот, денес таа има 16, ученичка е во средно училиште и зборува кинески. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот