X
 08.08.2016 Живот

Временска прогноза: Облачно време со врнежи од дожд и грмотевици

Денес е понеделник, 8 август 2016 година, 221-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:30, а ќе зајде во 19:46 часот. Денот ќе трае 14 часа и 16 минути.

Ова утро во Македонија имаме претежно облачно време со врнежи од дожд и грмотевици. Облачно но без врнежи е во југоисточните и источните предели, а во Струмичкиот регион има и појава на сончеви периоди.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици, ветровито и посвежо. Врнежите ќе ги имаме во текот на целиот ден но не се очекуваат поројни и обилни врнежи кои може да предизвикаат нови поплави. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од 14 до 22 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 21 односно до 32 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици, ветровито и посвежо време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 18 степени, а максималната дневна до 28 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија вторник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, додека во западните и северозападните предели како и во крајните североисточни и југоисточни предели со услови за слаби врнежи од дожд. Дневните температури од 23 до 33 степени. Во среда и четврток стабилизација на времето и пораст на температурите. Ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Во среда температурите од 26 до 36 степени, додека пак во четврток максималните температури ќе достигнат до 27 односно до 37 степени. Во петок умерено облачно со повремени сончеви периоди и посвежо време со осетен пад на максималните температури кои ќе се движат од 21 од 31 степен.

Извор: weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот