X
 27.12.2016 Живот

Временска прогноза: Со какво време ќе ја испратиме 2016?



Денес е вторник, 27 декември 2016 година, 362-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:54, а ќе зајде во 16:15 часот. Денот ќе трае 9 часа и 21 минути.

Шаренолико утро во Македонија, и временски и температурно. Во поголем дел преовладува претежно ведро време, во северните, североисточните, крајните источни и централните предели ќе биде претежно облачно време.

МАКЕДОНИЈА – Во вторник во утрински и претпладневни часови ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Попладне од север продор на влажна и постудена воздушна маса која што во северозападните, западните и југозападните предели ќе услови врнежи од дожд, а над 800 метри се очекуваат врнежи од снег. Во остранатите предели умерено облачно време со повремени сончеви периоди. Утринските температури од -4 до 6 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 2 односно до 12 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје претпладне ќе биде умерено облачно време со повремени и кратки сончеви периоди. Попладне со услови за слаби врнежи од дожд и ветровито време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Минималната температура од 1 степен, а максималната до 8 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во среда умерено облачно време со повремени сончеви периоди но и услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд и снег и ветровито, а врнежи од снег се очекуваат само во североисточните, северните и североисточните предели. Утринските температури ќе го продолжат својот тренд на опаѓање и ќе се движат од -7 до 2 степенни, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до -1 односно до 9 степени. Во четврток умерено облачно време со повремени сончеви периоди и студено време. Минималните од -9 до 0 степени, додека пак дневните температури ќе достигнат до -4 односно до 6 степени. Во петок претежно сончево со локална облачност и постудено време, минималните од -11 до -2, а максималните од -4 до 6 степени. Во сабота студено утро со утрински температури од -13 до -4 степени. Во текот на денот претежно сончево и температури од -5 до 5 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот