X
 23.08.2016 Живот

Силниот карактер може да делува застрашувачки кај другите луѓе

Добро е да имате силен карактер. Но ако тој делува застрашувачки за другите може да создаде проблеми во врските, на работното место или други сегменти од нашите животи.
луѓе


Можеби сте забележале дека луѓето ви приоѓаат многу внимателно или само кратко ве поздравуваат со кратка и лажна насмевка. Понекогаш ни самите не сфаќаме како се манифестираме себе си. Можеби сме добри, но силниот карактер придонесува да изгледаме агресивни и неучтиви. Имате ли карактер што делува застрашувачки за другите?

1. Луѓето гледаат на страна кога ќе ве видат: ако забележите дека другите избегнуваат контакт со очите со вас, веројатно е да се плашат од вашиот карактер.
2. Не толерирате незнаење: луѓето со силна волја се често и многу едуцирани, без разлика дали имаат универзитетска диплома или долго работно искуство. Откако минале многу време обидувајќи се да научат што е можно повеќе, кога се сретнуваат со луѓе со малку знаење, имаат низок праг на толеранција.
3. Се конфронтирате: не мора да значи дека сте кавгаџии, но имате агресивен став кон нештата.
4. Креирате можности кога ги нема: ова не е нешто лошо. Проблемот е што често другите знаат да бидат навредени од таа ваша способност дека создавате услови за успех.
5. Бирате кого пуштате во својот живот: ова не значи дека не може да функционирате со другите, но знаете што точно сакате и не сакате да прифатите нешто помалку од тоа.
6. Другите го потврдуваат тоа: ако вашите пријатели ви кажале дека не сте биле допадливи кога ве сретнале прв пат, но потоа ве запознале повеќе, бидете сигурни дека имате силен карактер.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот