X
 09.09.2016 Живот

Лесни експерименти што ја скокоткаат детската љубопитност

Љубопитноста на децата е нескротлива. Желбата постојано да учат нови нешта е искрена и постојана. Тие се природни иноватори со моќна имагинација, а изложувајќи ги на креативни искуства им подаруваме богато детство и силна подлога за креативно изразување и истражување и натаму низ животот. А бидејќи децата најлесно и најдобро учат низ примери, сликовито и забавно, Скопје сити мол за време на викендите, организира еду-корнери од 12 до 14 и од 19 до 21 часот, каде се прават научни експерименти и се пробуваат многу иновативни трикови.

Лесните научни експерименти што се практикуваат во еду-корнерот ќе им помогнат на децата уште во рана возраст да добијат претстава за некои физички случувања што нé опкружуваат. Експериментите се лесно изводливи, со помошни предмети што едноставно може да се набават во Скопје сити мол.

Еве и некои од нив, што можете да ги практикувате дома:

Обидете се да ги изведете овие експерименти во домот и на едноставен јазик да им објасните на своите дечиња што се случува со предметите кои се движат, виткаат или менуваат облик.

ЕКСПЕРИМЕНТ 1

Што ќе ви биде потребно?
• Празна лименка
• балон

Што да направите?
1. Направете простор на мазна површина (на маса или на подот)
2. Надувајте го балонот
3. Протријте го 10тина пати од својата коса
4. Следува забавниот дел! Држете го надуваниот балон во близина на лименката, без всушност да ја допирате лименката. Таа ќе почне да се движи кон балонот без вие да ја поттурнете и без да биде влечена со некое јаже од балонот! Едноставно ќе го следи балонот!



Како работи експериментот?
Кога ќе си протриеме балон од главата и косата, се формира слој од невидливи електрони со негативен полнеж на површината на балонот. Ова се нарекува статички електриците, што значи не се движи со помош на електрична енергија. Електроните имаат мала моќ да повлечат многу лесни предмети со позитивен полнеж кон себе – како што е празната лименка.

ЕКСПЕРИМЕНТ 2

Што ќе ви биде потребно?
• Стаклена тегла доволно голема да собере пилешка коска
• Пилешка коска - најдобро коската од копанот
• Оцет

Што да направите?
1. Зачувајте една добро изглодана коска од пилешки копан по вкусниот ручек
2. Исплакнете ја добро коската за да се отстранат сите маснотии
3. Забележете колку е тешко да се свитка или скрши коската со рака. Како и нашите коски, пилешките коски имаат минерал наречен калциум кој придонесува за цврстината
4. Наполнете ја теглата со оцет и потопете ја целосно коската во оцетот. Поклопете ја теглата со капачето
5. Оставете ја коската во оцет 3 дена
6. По 3 дена, извадете ја коската од теглата и исплакнете ја
7. Обидете се повторно да ја свиткате коската со рака. Дали чувствувате разлика? Дали тоа навистина е гумена коска?!



Како работи експериментот?
Што се случи? Што е толку посебно во врска со оцетот што направи коската да стане толку мека?! Оцетот се смета за блага киселина, но доволно силна за да го разреди нивото на калциум во коските. Откако калциумот ќе се разреди, не постои ништо што ја задржува коската цврста. Сега знаете зошто мајките настојуваат да пиете млеко и да внесувате калциум почесто во оброците.

Дојдете во Скопје сити мол и ќе научите уште многу за вакви и слични сознанија што ќе ви помогнат да разберете некои природни појави и случувања. Посетете го промотивниот штанд на училишната промоција „Колку грепки, толку петки“ каде ќе се информирате за сите настани во кои може да ги инволвирате вашите деца, забавни, идукативни и возбудливи активности.

Скопје сити мол настојува да го развива добриот однос со потрошувачите, обезбедувајќи им ги најдобрите тематски содржини и активности, како и најдобрите зделки за училишна опрема со кои од таму ќе си заминуваат само среќни и задоволни посетители.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот