X
 14.09.2016 Живот

Времето во Македонија во наредните пет дена

Денес е среда, 14 септември 2016 година, 258-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:08, а ќе зајде во 18:48 часот. Денот ќе трае 12 часа и 40 минути.

Во утринските часови имаме претежно ведро и свежо време. Во утринските часови само во крајните југозападни предели имаме појава на локална облачност.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во среда по свежото утро, во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Попладне зголемување на облачноста која во западните и југозападните предели ќе услови развој на нестабилност која паќ ке донесе локални врнежи од дожд и грмотевици. Локално се очекуваат да наврнат од 5 до 10 литри на метар квадратен. Ќе дува доумерен слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели слаб североисточен ветер. Утринските температури од 8 до 17 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 20 односно до 32 степени. УВ индексот ќе има вредност 5.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска по свежото утро во текот на денот претежно сончево со локална облачност и топло време. Попладне зголемување на облачноста. Слаб северен ветер. Утринската температура од 14 степени, максималнита дневна до 29 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во четврток стабилизација на времето насекаде, ќе биде претежно сончево и потопло време, а во западните предели ќе има појава на локална облачност. Максималните температури од 21 до 33 степени. Во петок по свежото утро во текот на денот сончево и топло со температури од 23 до 34 степени. Во сабота и недела умерено облачно време со повремени сончеви периоди и пад на максималните температури со напомена дека се можни локални врнежи од дожд, со детали веќе во утрешните метео известувања. Дневните температури од 22 до 33 степени во сабота, односно од 19 до 20 степени во недела.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот