X
 22.09.2016 Технологија

Колку инвестира Јапонија во вештачка интелигенција

Земјата на изгрејсонцето до средината на 21-от век има намера да создаде напредна вештачка интелигенција која ќе се споредува со способностите на просечен човек.

Робот

Јапонија ќе издвои скоро милијарда долари за 10-годишен проект за развој на вештачка интелигенција (AI). Средиште на развојот на вештачката интелигенција ќе биде Riken Center во Токио.

При подготовка на проектот се водело сметка и за интересите и потребите на приватниот сектор, па така во него се вклучуваат и некои компании како Toyota i NEC. Во проектот научниците ќе се потпрат на тнр. техника длабоко учење.

Акцент ќе се стави на развој на проекти од области на вештачката интелигенција кои решаваат некои од проблемите што ја мачат Јапонија - како стара инфраструктура и се постарото население. Еден од проектите вклучува и развој на роботи за нега на стари лица, што ќе бидат во можност да го разберат говорот на корисникот и пациентот дури и во простор со врева.
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија