X
 30.09.2016

Што треба да направите ако го изгубите телефонот додека патувате?

Речиси 20 милиони телефони се изгубени или украдени секоја година, а најголем е ризикот тоа да ви се случи додека патувате. Не чекајте да ви се случи тоа, туку проверете што да направите, како да си го заштитите идентитетот или како да не ги изгубите и фотографиите што сте ги направиле.

андроид


Ѕвонете и напишете порака на телефонот:
штом ќе забележите дека телефонот го нема проверете дали некој го исклучил со повик или порака. Ако патувате сами, побарајте телефон во хотелот или користете јавна говорница. Со последните ажурирања на iOS, Apple нуди можност за Lost Mode што значи дека телефонот ќе се заклучи со код со што се нема пристап за работа.

Користете ги функциите за наоѓање на телефонот:
find-my-phone функција имаат и Ајфон и Андроид телефоните. Ако сте ја вклучиле или инсталирале опцијата лесно ќе може да го лоцирате телефонот само со најавување на Google или Apple сметката од друг уред. Но, без ова, лоцирањето не е возможно.

Избришете ги податоците: ако не можете да го најдете или ако знаете дека е украден, избриете ги податоците со Find my phone апликацијата и на iOS и на Android уредите. Ако е изклучен, податоците ќе се избришат кога ќе се вклучи. Apple корисниците не ќе можат да го лоцираат ако ги избришат податоците. Ако се обидете да го тргнете уредот од Apple сметката додека е исклучен, тој повторно ќе се појави во апликацијата Find My Phone. Ако го тргнете додека е вклучен, заклучувањето за активација ќе се исклучи и друг ќе може да го активира уредот.

Променете ги лозинките:
дури и да ги избришете сите податоци, задолжително променете ги лозинките на електронската пошта или други сметки.

Контактирајте го операторот: тој може да ги оневозможи услугите и податоците на телефонот и да ви помогне да добиете нов уред зависно од услугите што ви ги овозможува и договорот што го имате склучено.

Пријавете го украдениот уред во полиција: надлежните најверојатно ќе побараат сериски број на телефонот. Погрижете се да го запишете на време затоа што ако сакате да обвините некого потребен ви е извештај во полиција.

Превентивни мерки:
преземете мерки за заштита особено ако патувате често. За да не ги изгубите фотографиите и останатите податоци и направете резервна копија или осигурајте се дека таа се прави автоматски кога креирате нов податок.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk