X
 01.10.2016 Наука

ФБИ објави тајни документи за Тесла

Федералното биро за истраги (ФБИ) на САД, објави документи за Никола Тесла, 73 години откако американската влада запленила два камиони полни со негови работи.

Доверливите документи (можете да ги видите тука) беа објавени врз основа на Законот за слобода на информациите и даваат потвдра за спорните наводи, дека ФБИ го запленила имотот на Тесла, но, исто така, открива дека американската влада била навистина заинтересирана за неговиот "смртоносен зрак", оружје што Тесла наводно го имал измислено.


Тесла


Документите на кои одамна се чекало, потврдија дека ФБИ планирал да уапси член на семејството Тесла, за кого се верувало дека сакал да ги предаде непроценливите вредни белешки на познатиот пронаоѓач.

Во прашање бил Сава Косановиќ, внукот на Тесла, дипломат, а подоцна бил и министер за внатрешни работи во Кралството Југославија.

Исто така, сите овие години се верувало дека Никола Тесла починал на 85 годишна возраст во својот апартман во хотелот Њујоркер, на 7 јануари 1943 година, но ново објавените документи наведуваат дека, всушност, починал на 8 јануари.

Меѓу весниците може да се најдат и детали за тоа како американската влада го конфискувала целиот имот на Тесла, ги запечатиле сите документи и ги донеле во магацин во Менхетен.

Во тогашниот извештај се наведува загриженоста дека, како што Тесла бил натурализиран државјанин на САД, не може да има право на својот имот, или се сметало дека може да ги задржат материјалите од било која друга разузнавачка агенција "најмалку два дена."


ФБИ


Меѓу објавените документи било и писмото упатено до Народното собрание. Едгар Хувер, првиот директор на ФБИ, во кое се истакнува значењето на статијата во која Тесла говори за "смртоносниот зрак" и нејзиниот потенцијал "клучната важност" за иднината на војувањето.

Препорачливо било Тесла "да е постојано под надзор", со цел да се заштити тој  од "надворешни непријатели", кои би можеле да бидат заинтересирани за "тајната на таквиот непроценлив инструмент".

Други документи покажуваат дека внукот (Косановиќ), кој Тесла "не го сакал" се обидувал да стигне до овие важни документи и нацрти. Бирото стравувало дека тој ќе ги проследи "информациите до непријателот".

Меѓу документите кои биле класифицирани како доверливи информации, била наведен и описот на ситуацијата по смртта на Тесла, кога Косановиќ и неговите соработници ги зеле работите од шефот на Тесла, како и предлогот на агент на ФБИ, Косановиќ да се обвини за кражба и да се уапси.


ФБИ за Тесла


"Ни беше кажано дека треба да обезбедиме материјал кој, наводно, го зел Косановиќ, затоа што, ако тоа е навистина голема тајна, многу важно е да не дојде до весниците, каде непријателот би можел да има пристап до материјалот"-било напишано во документите.  

Во меморандумот од документите на ФБИ со датум од 9 јануари 1943 година, сеј вели дека Тесла спровел многу експерименти врзани со безжичен пренос на струја, “познато како смртоносен зрак".

Штитеникот на Тесла, Blojs Ficdžerald, во еден разговор со еден американски официјален претставник на власта, рекол дека пронаоѓачот еден месец пред неговата смрт, соопштил дека овие експерименти ги довел до совршенство.

Претходно се сметало дека "смртоносниот зрак" не постои, а ФБИ тврди дека ниту еден од нивните агенти не ги истражувал документите на Тесла, ниту пак биле во сопственост на некој од нив.


фби тесла


Како и да е, меѓу документите кои разузнавачките агенции ги собирале како информација се наоѓаат бизарни работи на Тесла - тука било едно писмо од педесеттите години, каде што тој зборувал за неговите пронајдоци, како и машина која била направена по негов нацрт во 1950 година, со која се воспоставувала"меѓу-планетарна комуникација "и" комуникација со вселенски бродови".

"Вонземјани ги посетиле инженерите на Тесла повеќе пати и ни кажаа дека тој е од Венера, дека бил донесен на оваа планета во 1856 година и дека како бебе бил оставен кај господин и госпоѓа Тесла во далечната планинска област која денес се вика Југославија"- пишувало во тоа писмо.

Повеќе за ова може да прочитате овде.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука