X
 11.07.2017 Култура

Ретки фотографии од животот на Никола Тесла

Никола Тесла (Смиљан, 10 јули 1856 година - Њујорк, 7 јануари 1943) бил генијален истражувач и пронаоѓач на полето на електротехниката и радиотехниката. Тој е најпознат по неговите револуционерни откритија во областа на електромагнетизмот. Неговите патенти и неговите трудови се основа за формирањето на целокупниот систем на наизменичната струја.

Ова се некои од неговите помалку познати фотографии.

Со Џонсон во неговата лабораторија


тесла

Никола Тесла и американскиот писател Роберт Андервуд Џонсон во лабораторијата на Тесла во Њујорк. Фотографијата е од 1894 година, 10 години по доаѓањето на Тесла во Америка.

Неговата безжична светилка


2

Тесла со еден од неговите пронајдоци - безжична светилка обложена со фосфор, која ја направил околу 1890 година. Тесла некое време му бил соработник на Томас Едисон, но потоа го напуштил и започнал да работи сам.

Тесла во својата лабораторија


3

Тесла во својата лабораторија во Колорадо Спрингс, каде што изведувал експерименти за производство на висока фреквенција и висок напон на електрична енергија.

Со непозната жена во автомобил

6

Малку се знае за оваа фотографија на која се наоѓа Тесла во автомобил со непозната жена. Пред да се пресели во Америка, Тесла своето образование го завршил во Прага. Американско државјанство добил во 1891 година.

Ден после 79-тиот роденден

тесла

Фотографија од веќе стариот Тесла, направена после неговиот 79-ти роденден, на 11 јули 1935 година.

Доделување на медали


5

Медал за Тесла, кој го добил на својот роденден на 10 јули 1937 година. Чехословачкиот пратеник Владимир Хурбан му доделил медал од редот на Бел лав од прв степен. На истиот прием, делегацијата на Кралството Југославија му подарила на Тесла медал од редот на Бел орел од прв степен.

Најпознатиот портрет, во боја


6

За крај, една попозната фотографија, портрет на Никола Тесла од крајот на 19 век, 1899 година. Тесла работел на безжичен пренос на електрична енергија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура