X
 28.08.2017 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време да очекуваме во наредните денови?

Денес е понеделник, 28 август 2017 година, 240-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:49, а ќе зајде во 19:18 часот. Денот ќе трае 13 часа и 29 минути.

Новиот ден во новата седмица го започнуваме со потопло утро со благ пораст на утринските температури. Освен топлото утро до сателитската слика која што е направена во 6 часот можеме да забележиме дека насекаде преовладува претежно ведро време.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ќе биде сончево и многу топло време со температури кои што ќе бидат над повеќегодишниот просек за овој период од годината. Утринските ќе се движат во интервал од 8 до 19 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 28 односно до 38 степени. Во текот на денот ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. УВ Индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес сончево и многу топло време. Слаб северен ветер. Утринската температура од 17 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 36 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во вторник преодна дестабилизација на времето, ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд, ветровито и посвежо време со дневни температури кои што ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 21 до 31 степен. Во среда умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо време со дневни температури од 21 до 31 степен. Во четврток и петок по свежото утро со утрински температури од 7 до 16 степени во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и потопло време со температури од 23 до 33 степени, односно од 24 до 34 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот