X
 12.10.2016 Живот

Зошто никогаш нема да видите црвенокоса со седа коса?!

Природно родените црвенокоси имаат биолошки предиспозиции како ниту еден друг човек на планетата. Тоа е најретката боја на коса во светот и со неа доаѓа уникатен сет на здравствени придобивки и последици. Благодарение на мутацијата на гените и неколку други мистериозни причини, црвенокосите имаат различна толеранција на болка и здравствени ризици со кои не се соочуваат луѓето со друга боја на косата.



Еве 8 атипични здравствени придобивки и последици кај црвенокосите:

1. БОЈАТА НА НИВНАТА КОСА Е ПРОИЗВОД НА МУТАЦИЈА НА ГЕНИТЕ

Во 2000 година научниците го идентификуваа генот одговорен за црвената коса - меланокортин 1 рецептор протеин (MC1R). Сите поединци го имаат тој ген, но гените понекогаш мутираат, креирајќи црвена коса, која најчесто е следена со бледа кожа и изразена пегавост.
Бидејќи MC1R е откриен пред само 15 години, научниците не ја знаат прецизната бројка на црвенокосите луѓе во светот, но се верува дека тие се околу 2% од светската популација.

2. ТИЕ СЕ ПОЧУВСТВИТЕЛНИ НА АНАЛГЕТИЦИ

Истата MC1R-мутација (која ја прави косата црвена) ослободува хормони во мозокот што имаат способност да емитуваат ендорфин. Ендорфинот има неколку функции, но една од главните улоги е што ја намалува болката. Ова влијае на тоа како телото добива сигнали за болка од мозокот, предизвикувајќи зголемена чувствителност на аналгетици. Како резултат на тоа, црвенокосите може да земаат помали дози аналгетици, а да го постигнат истото ниво на толеранција на болка како и сите други.

3. ПОПРЕЦИЗНО ГИ ДЕТЕКТИРААТ ПРОМЕНИТЕ НА ТЕМПЕРАТУРАТА

Црвенокосите се почувствителни на температурни промени - дури и кога сè уште се мали. Тие ги чувствуваат промените кон топло и ладно побрзо и поинтензивно од другите. Сè поголем број истражувања потврдуваат дека црвенокосите имаат поинаква конституција кога се во прашање прагот и перцепцијата на болка и соодветните реакции на телото.

4. НА ЦРВЕНОКОСИТЕ ИМ ТРЕБА ПОВЕЌЕ АНЕСТЕЗИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ХИРУРШКА ИНТЕРВЕНЦИЈА
На црвенокосите им треба 20% повеќе анестезија отколку на другите луѓе. Улогата на MC1R, кој му припаѓа на истото семејство на гени што играат улога во болката, во мозокот влијае на ендорфинот, еден од природните лекови против болки во телото, кој предизвикува црвенокосите да бидат почувствителни на него. Едно ново истражување на Американското здружение на стоматолози открива дека како резултат на тоа, црвенокосите два пати повеќе избегнуваат посети кај стоматолог, токму поради пречувствителноста на болка.

5. ЦРВЕНОКОСИТЕ САМИ ПРОИЗВЕДУВААТ ВИТАМИН Д

Земјите од Северна Европа имаат најголема концентрација на црвенокоси и има причина за тоа. Кога луѓето мигрирале од Африка пред десетици илјади години, нивната кожа со текот на времето осветлела, бидејќи тие биле изложени на помалку сонце. Луѓето со потемна кожа, која е развиена за да блокира некои од штетните УВ-зраци на сонцето, со тек на време ја изгубиле способноста природно да произведуваат витамин Д. Од друга страна, луѓето со црвена коса што не се изложуваат на многу сонце биле во можност да се приспособат, па нивните тела научиле ефикасно да генерираат витамин Д за своите потреби.

6. ЦРВЕНОКОСИТЕ ИМААТ ЗГОЛЕМЕН РИЗИК ОД ОДРЕДЕНИ БОЛЕСТИ
Црвенокосите имаат речиси двојно поголеми шанси за развој на Паркинсоновата болест во споредба со другите, но и по студијата што вклучува 13.000 испитаници, сè уште не е откриено зошто. Црвенокосите се изложени на зголемен ризик од меланом, најсмртоносниот облик на рак на кожата. Според Медицинскиот факултет Харвард, мутацијата на MC1R не се врзува со генот на PTEN, кој е познат по спречувањето тумори и карциноми. Во нормални околности, кога не постои мутација на генот, тој се врзува и ја штити кожата од развој на клетки на рак. Но кога кожата на црвенокосите е изложена на ултравиолетови зраци, PTEN се распаѓа и пигмент- клетките растат брзо, па потенцијално може да се развијат карцином.

7. НЕМА ДА ВИДИТЕ ЦРВЕНОКОСА СО СЕДА КОСА

Косата на црвенокосите најчесто се претвора во бакарна, па руса, целосно прескокнувајќи ја фазата на седа коса. Црвенокосите имаат тенденција подолготрајно да го задржат својот пигмент и вообичаено имаат поцврста коса од другите луѓе. Црвената коса е најтешка нијанса за одржување, што ја прави една од најтешките бои за копирање.

8. ЦРВЕНОКОСИТЕ ИМААТ ПОВЕЌЕ СЕКС
Кога една црвенокоса влегува во просторија, има големи шанси сите да ја забележат, што особено важи за жените како конкурентна предност во шармирањето. Психолозите тврдат дека црвеното провоцира повеќе возбуда од која било друга боја и дека е олицетворение на младоста и на плодноста. Во таа смисла, црвенокосите се попривлечни за секс. Ретките луѓе се попривлечни и од тие причини дополнително се зголемува привлечноста кон црвенокосите.

Дозволете ни да ве информираме за болката и како најбрзо да ја запрете пред таа да ве запре вас, посетете ја страницата http://www.nalgesin.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот