X
 15.10.2016 Наука

Факти за времето што ќе ве зачудат

Според теоријата за релативитетот на Ајнштајн, колку сте поблизу до центарот на Земјата побавно минува времето – и ова е веќе измерено. На пример, на највисокиот врв Монт Еверест една година е за околу 15 микросекунди пократка отколку на место што е на ниво на морето.

часовник


Времето
е феномен што човекот го користи да си го организира животот и да објаснува разни појави. Еве неколку факти што можеби до сега не сте ги слушнале и што ќе Ве изненадат:

1. Во времето на диносаурусите имало 370 денови во една година. Земјината ротација се забавува затоа што гравитацијата на месечината ја повлекува, па деновите стануваат подолги за околу 1,7 милисекунди на еден век.

2. На Меркур еден ден е долг две години.

3. Не постои такво нешто како „сега“ според физиката. Просторот и времето се како течности на кои влијание врши гравитацијата, а дури и нашата брзина. Алберт Ајнштајн  рекол: „За нас физичарите разликата меѓу минатото, сегашноста и иднината е само илузија, но, сепак упорна.

4. Бидејќи на светлината ѝ е потребно време да дојде до нас, што и да гледаме тоа е во минатото. Сонцето што се гледа на небото е околу 8 минути и 20 секунди „старо“. Светлината од нашата блиска ѕвезда Проксима Кентаур е околу 4 години стара.

5. Новите искуства се чинат дека се подолги во меморијата отколку оние што веќе ни се познати. Овој чуден ефект соодвествува на тоа дека времето се чини дека минува побрзо кога се старее – затоа што многу повеќе работи се познати.

6. Најточниот часовник што некогаш е направен е часовник од стронциум, кој е точен до секунда преку 15 милјарди години.

7. Најстарото нешто за кое постојат сознанија во универзумот е галаксијата по име  z8 GND 5296. Таа е 13,1 милјарда години стара – само 700 милиони години помлада од самиот космос.

8. Причината зошто секој часовник го покажува истото време во сите земји е затоа што така е полесно да се раководи со распоредот на возовите. До 19 век, градовите ги поставувале часовниците по локално време или пладне, па така часовниците во Бристол биле 11 минути позади лондонските. Поради ова луѓето ги испуштале возовите, па железниците започнале да воспоставуваат стандард базиран на лондонско време започнувајќи со Големата западна железница во 1840 година.

9. Далечните галаксии се чини дека се движат побрзо од оние што се поблизу што би значело дека космосот е во забрзување како што се шири. Нормалната теорија со која може да се разјасни ова е мистериозната сила наречена „темна материја“. Но, еден шпански физичар предлага друга алтернатива, дека подалечните, постари галаксии само се чини дека се движат побрзо, бидејќи во минатото времето било побрзо. Ако тој е во право, за неколку милјарди години сé би било замрзнато како во една фотографија без крај.

10. За една недела часовниците ќе се поместат за еден час назад. Фактот дека кружењето на Земјата околу оската се забавува и последователно, деновите стануваат подолги, значи дека и денот од 24 часа е подолг. Меѓународната служба за ротацијата на Земјата, телото што го страндардизира астрономското време, треба да додаде секунда – наречена „престапна секунда“ – на часовникот, за да се усогласат нештата. Последната престапна секунда е од 30 јуни, 2015 година.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука