X
 02.11.2016 Технологија

Како да изработите сами паметно огледало?

Нормалните огледала се прекрасни, но денес ние живееме во време кога ни требаат Wi-Fi-компатибилни предмети. Ако имате здодевно нормално огледало, време е да го претворите во паметно огледало што може да ви даде информации за часот и временската прогноза, додека го гледате својот одраз во него.

Купување на паметно огледало може да чини доста пари, па затоа е подобро да изгработите свое. Ви треба стакло, поддршка за огледалото, монитор за дисплеј и Raspberry Pi.


паметно огледало


Тука
ќе најдете инструкции за тоа како да изработите ваше сопствено паметно огледало. Овие креатори направија свои огледала од парче стакло и потпора за огледало. Вие можете да го искористите истото или да купите огледало дизајнирано за оваа намена.

После тоа, ќе треба да креирате рамка за огледало. Запомнете дека рамката исто така треба да придржи монитор, кој може да биде гломазен, па затоа може ќе ви треба дебела рамка за да го скриете. Вие исто така ќе треба да се изработите дел во рамката која ќе го прицврстува огледалото.


До овој момент, го имате направено најголемиот дел. Единственото нешто што остана е да се инсталира и да се приклучи. Откако и тоа е направено, можете да уживате во вашето сопствено паметно огледало и да се приклучите на новитетите од 21-от век.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија