X
 07.11.2016 Култура

Професор од Харвард: „Еве зошто гласањето е важно!“

Том Дингман, деканот на бруцошите на Универзитетот Харвард, на своите студенти им напишал писмо поврзано со претседателската кампања во Америка.

 

декан


Писмото го испратил после првата претседателска дебата во септември на студентите кои треба да дипломираат во 2020 година.

Без оглед на тоа за кого тие ќе се определат, неговото писмо е важен потсетник зошто остварувањето на нашето право на глас како граѓани е толку важно.

„Лошите функционери се избрани од добрите граѓани кои не гласаат“ - Џорџ Жан Натан

Почитувани студенти на класот од 2020:

Едно од основните права на американскиот граѓанин на возраст над 18 години е тоа што може да гласа. Ви пишувам за да ве охрабрам да размислите за ова, особено пред претседателската дебата која започна вчера, и пред роковите.

Сигурен сум дека повеќе од вас размислуваат: „Зошто да гласам?“ Едноставниот одговор би бил: „Затоа што можеш“. Во некои земји луѓето се борат за ова право и често пати немаат право да ги избираат политичарите кои ги водат. На Америка ѝ е потребно граѓаните да бидат ангажирани и да зборуваат гласно. Со вашиот глас вие потенцијално вработувате личност во канцеларијата која може да работи на прашањата кои имаат важно значење за вас. Доколку не гласате, тогаш немате право да се жалите.

Абрахам Линколн кажа многу добро: „Изборите им припаѓаат на луѓето. Тоа е нивна одлука. Ако одлучат да го свртат грбот на огнот и да дозволат да изгори она што е позади нив, тогаш тие ќе треба да се соочат со нивните последици“.

Ве молам земете го во предвид вашето право на глас.

Искрено,

Том Дингман

Декан на бруцошите, Харвард
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура