X
 25.10.2020 Живот

Долговеченоста е поврзана и со ставот кон животот, потврдуваат истражувачи од „Харвард“

Дури и пред пандемијата факторите на менталното здравје често беа изоставени од мерилата за долговечност. Знаеме колку е влијателна исхраната во оваа равенка и истото може да се каже и за вежбањето и за квалитетот на сонот. Но сега истражувачи од „Харвард“ ги посочуваат расположението и ставовите што значително придонесуваат за долговечноста.

„Зборникот на трудови“ на Националната академија на науките го дефинира оптимизмот како општо очекување дека ќе се случат добри работи затоа што може да се контролираат важните исходи.

Истражувањето било спроведено на 70.000 жени во период од 8 години. Во таа временска рамка учесниците што одржувале оптимистички поглед имале помали шанси да подлегнат на следниве состојби:

- Рак на срце (намалување за 16 отсто)
- Срцеви заболувања (намалување за 38 отсто)
- Респираторна болест (намалување за 38 отсто)
- Мозочен удар (намалување за 39 отсто)
- Инфекција (намалување за 16 отсто)

Пошироко, најоптимистичните жени вклучени во новото истражување имале 30 отсто намалување на ризикот за сите болести наведени погоре.

- Додека повеќето медицински и јавни здравствени напори денес се фокусираат на намалување на факторите на ризик за болести, се зголемуваат доказите дека подобрувањето на психолошката отпорност исто така може да направи разлика. Нашите нови откритија посочуваат дека треба да вложиме напори за зајакнување на оптимизмот, што се покажа дека е поврзано со поздраво однесување и поздрав начин на справување со животните предизвици - вели научникот Ерик Ким, соработник во Одделот за социјални и бихевиорални науки и коавтор на истражувањето.

Среде деструктивна глобална здравствена криза и економска нестабилност нема многу причини да се биде полн со надеж, но има многу работи за кои можете да бидете оптимистични.

- Се чини дека оптимизмот има најголем ефект врз резултатите од кардиоваскуларниот систем, а најмал ефект врз резултатите од рак. Уште повеќе, оптимистичкиот поглед кон животот може да донесе пониски нивоа на липиди, помалку воспаленија и повисоки нивоа на антиоксиданси - вели Ким.

Затоа, промените го начинот на размислување кон пооптимистичен, без оглед дали станува збор за личната врска, брачниот партнер, кариерата, пријателствата. Размислувајте на најдобриот можен исход.

- Кога станува збор за истражување на која било тема, секогаш ќе има различни размислувања. Но, она што е интересно со истражувањето на долговечноста е дека работиме со далечна популација. Оние што живеат до 100 години се мала популација, па полесно е да се извлечат варијаблите. Се чини дека некои фактори се резултат на гените. Кога станува збор за работи што можеме да ги направиме, некои главни фактори вклучуваат јадење зеленчук, непушење и секојдневно движење. Управувањето на стресот не мора да биде медитација или стискање топчиња за стрес. Управувањето на стресот е поврзано со градење активности без стрес во вашиот секојдневен начин на работа. Настани во заедницата, правење работи што носат чиста радост или едноставно оставање на мобилниот телефон подалеку одредено време - вели д-р Лиза Хаим, регистриран нутриционист.

Еден предлог што Ким го нуди за тоа како луѓето можат да размислуваат пооптимистично: замислете си ја најдобрата верзија од себеси.

- Размислувајте за вашите различни домени во животот без оглед дали станува збор за личната врска, сопружникот, кариерата, пријателства... Во секој од овие домени размислувајте на најдобриот можен исход - вели тој.

Извор: Theladders.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот