X
 10.11.2016 Живот

Како словенската полиција ги наградува возачите кои не конзумираат алкохол?

Бројот на сообраќајни несреќи кои се предизвикани заради алкохолизирани возачи се во пораст, а во Словенија во просек се откриваат 1,51 промили алкохол во крвта кај возачите кои подлегнуваат на тетсот. Но, Словенија е различна по тоа што таму за сите оние кои се „чисти“ при тестирањето добиваат награда – можност да посетат интересен музички хепенинг.


Бројот на мртви од словенските улици оваа година е во пораст.

За да ги стимулира учесниците во сообраќајот да се воздржат од конзумацијата на алкохол, словенската полиција спроведува акција која трае до средината на месецот и организира мотивациона наградна игра.

Оние возачи кои ќе се утврди дека не конзумирале алкохол, добиваат лозови за лотарија на која можат да добијат бесплатни карти за концертот на полицискиот оркестар и популарните пејачи на забавна музика. 
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот