X
 15.11.2016 Живот

Дали две личности може да сонуваат ист сон?

Соновите одамна се тема на истражување на психолошката наука, а една од дилемите е и дали две личности може да сонуваат идентичен сон.

сонување


Многу студии покажале дека кај личности кои се цврсто емотивно поврзани (родители и деца, близнаци или партнери) оваа појава е честа. Дури возможно е и психолози и психотерапевти да сонуваат ист сон со свои пациенти.

Што вели науката?

Но, науката сé уште нема цврст доказ за оваа појава. При споредување на сонот кај различни личности има разлики во деталите, но, психолозите и понатаму придаваат големо значење на истите или слични соништа кај различни личности. Причини за разликите може да бидат нивото на интелигенција, расположението, меморијата и многу други фактори, и секако многу е важен начинот на кој двете личности го пренесуваат сонот вербално. Нормално е двете личности да имаат различна перцепција на нештата и да придаваат важност на различни детали, што при споредбата резултира со разлики.

Објаснувањата се сепак само претпоставки

Соништата се поврзуваат со случувањата на јаве, но идентичен сон може да се појави кај луѓе што немале исто искуство во реалноста. Ако се земе предвид дека сонот е производ на мозокот, од ова произлегува дека во одреден момент две „глави“ биле на исто ниво за да се случи и појавата на сонување ист сон.

Овие претпоставки сепак не ги задоволуваат стручњаците. Темата сѐ уште не е доволно научно истражена и заради тоа е и предизвик за истражувачите од оваа област. Истите соништа кај различни личности за сега и понатаму остануваат мистерија.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот