X
 26.11.2016 Живот

Кои соби во хотелите се најбезбедни?

Кои чекори треба да ги преземете за што поголема безбедност на вашите патувања?


Во списанието Travel + Leisure најпрво се занимаваа со прашањето кое е најбезбедното седиште во авионите, а сега на ред се хотелските соби.

Роб Вокер, директорот на отсекот за патничка безбедност на компанијата „International SOS“ во Лондон, наведува дека доколку патувате во САД, најдобро е да резервирате соба која се наоѓа помеѓу првиот и вториот, како и шестиот и седмиот кат. Зошто?

Тие соби се доволно оддалечени од главниот влез за да бидат цел на крадците, а од друга страна се доволно блиску до тлото за да можете да скокнете во случај да дојде до пожар, напад или било каква и да е несреќа.

„Обично влезовите се главна мета на сите напаѓачи, така што советуваме да се оддалечите од главниот ходник. Исто така би требало да ги избегнувате хотелските ресторани, бидејќи овие простории се честа мета, како и собите во кои не е лесно да се влезе од улица“, истакнал Вокер.

Тој додал дека би било совршено кога во собата се наоѓа во близина на скалите за пожар, а добро би било пред патувањето патниците да се распрашаат за стапката на криминал во одредени делови од градот. Никако не би требало да се остава вратата отворена за време на носењето на багажот бидејќи тоа е совршена прилика за крадците. Кога ќе се сместите во соба, проверете дали има некои оштетувања или дупки на ѕидот бидејќи низ нив некој би можел да ве набљудува и да ви ја загрози приватноста. Исто важи и за клучалките, па најдобро би било да се залепи фластер преку нив.

Вокер советува секогаш да ви биде при рака торба во која ќе ви биде пасошот, марамчиња, шишенце со вода и полнач за телефон, која ќе биде згодно да ја зграбите доколку морате итно да ја напуштите собата. 
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот