X
 08.09.2015 Образование

Студенти направија апликација за безбедно движење навечер

Сте помислиле како би било доколку имавте апликација со која ги следевте пријателите кога се излезени ноќе? Таква апликација постои и е направена од 5 американски студенти од Универзитетот во Мичиген.


„The companion“ е апликација која на корисниците им овозможува да ги бараат пријателите и членовите на семејството на онлајн-мапа со ГПС. Апликацијата е достапна за „iOS“ и „Android“, а со неа може да се следат повеќе броеви истовремено доколку во моментот корисникот не е во можност да одговори. Корисникот добива линк до страница со мапа на која може да ја следи локацијата на бројот кој го контактирал.

Апликацијата препознава промени во движењето како паѓање и удар, како и трчање. Доколку во рок од 15 секунди, корисникот не го притисне копчето како знак дека е добро, телефонот вклучува гласен аларм и дава можност за повик на полицијата.


Истовремено, апликацијата испраќа предупредување до корисникот кој следи. Во САД, постои можност да се повика универзитетот.

Апликацијата е бесплатна за сите корисници.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование