X
 09.09.2025 Живот

Луѓето во оваа земја нагло се збогатија и сакаат да патуваат – „Хилтон“ и „Мериот“ масовно градат хотели

Растечкото богатство на новонастанатата средна класа и владините трошоци за нови автопати и аеродроми ја поттикнаа желбата за патување во Индија, но бројот на квалитетни сместувања не е во чекор со побарувачката.

„Хилтон“ и „Мериот“ го предводат продорот на глобалните хотелски синџири во помалите индиски градови, инвестирајќи и отворајќи хотели од средна класа за да одговорат на порастот на домашните патувања и да ги задоволат потребите на туристите кои внимаваат на цените.

-Луѓето сè повеќе го ставаат патувањето пред другите трошоци, тоа е јасно. Потенцијалот за проширување и отворање нови хотели низ целата земја е огромен - изјавил Раџив Менон, претседател на „Мериот“ за Азиско-пацифичкиот Регион (без Кина).

Големите градови се презаситени, малите создаваат можности

Трошењето во домашниот туризам се очекува да порасне на околу 200 милијарди долари до 2024 година, во споредба со 80 милијарди долари во 2013 година, според „Капитал економикс“. Операторите брзаат да се справат со растечкиот број на патници од средната класа кои патуваат за религиозни фестивали, одмори, свадби и деловни патувања.


Пазарите во помалите градови и места сè уште не се доволно опслужени во споредба со метрополите како што се Њу Делхи, Мумбај и Бангалуру. Кога „Колдплеј“ одржал два концерта во Ахмедабад во јануари, побарувачката за соби ги зголеми цените до пет пати.

Индија има само 138 брендирани хотелски соби на милион луѓе, додека Кина има повеќе од 1.500, според консултантската компанија „ХВС Анарок“. Затоа локалните брендови како „Татин Таџ“ и „ИТС Хотелс“ и глобалните синџири отвораат стотици хотели во помалите индиски градови.

„Хилтон“ ги зголемува своите луксузни понуди

Каран Кана, директор во брокерската куќа „Амбит капитал“ со седиште во Мумбај, проценува дека бројот на брендирани хотели во Индија ќе се зголеми од 200.000 на 300.000 до 2029 година. Повеќе од половина од новите хотелски договори потпишани минатата година биле за луѓе од средна класа, според „ХВС Анарок“.

Растот доаѓа во време кога агресивната политика на американскиот претседател Доналд Трамп за контрола на границите и трговијата го погодува глобалното патување и доведува до неизвесни прогнози за заработката на авиокомпаниите и хотелските групи. Сепак, Индија е „светла точка“, според Алан Вотс, претседател на „Хилтон“ за Азиско-пацифичкиот Регион.

Освен што гради повеќе сместувачки капацитети од средна класа, „Хилтон“ ги зголемува и своите луксузни понуди, откако во јуни објави изградба на хотелот „Валдорф Асторија“ во близина на аеродромот во Делхи, со планирани дополнителни отворања во Џајпур и потенцијално во Гоа и Мумбаи.

Извор: forbes.dnevnik.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот