X
 29.11.2016 Економија

Жесток удар на Путин врз доларот и еврото


Владимир Путин

Владимир Путин, претседателот на Руската Федерација и првиот човек на евроазискиот блок, потпиша закон со кој се востановува нова финансиска рамка за економско дејствување, што ќе им овозможи на Русија и на уште пет земји членки на Евроазискиот Економски Сојуз да не ги користат доларот и еврото како валута во меѓусебните трансакции.

Станува збор за таканаречениот единствен финансиски систем на земјите од Царинската унија, Сојузот на независни држави (СНД), односно државите од поранешниот советски простор.

Со ова може да се предизвика сериозен удар врз финансиските системи на САД и ЕУ, оценуваат аналитичарите, а некое време веќе се пласираат прогнози дека таквиот потег од страна на Русија и Кина би можел да доведе до колапс на економијата на евроатланскиот блок.

Белорусија, Казахстан, Ерменија, Киргистан и Таџикистан, како земји-членки на СНД ќе можат да тргуваат без користење на доларот како валута, штом овој закон ќе стапи во сила , пишува украинскиот Обозревател.

Путин го даде овој закон на изгласување во државната Дума, односно на ратификување на Спогодбата што ги уредува новите одредби на финансиското работење меѓу споменатите држави.

Како што наведува весникот Комерсант, се смета дека заради привилегиите што овие земји ќе ги имаат со ваквиот начин на дејствување, во смисла на зацврстување на нивните макроекономски системи, ова ќе значи и забрзување на процесот на евроазиските интеграции.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија