X
 01.12.2016 Живот

Временска прогноза за првите денови од месец декември

Денес е четврток, 1 декември 2016 година, 336-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:36, а ќе зајде во 16:08 часот. Денот ќе трае 9 часа и 32 минути.

Ако денот се познава по утрото, денеска не очекува еден зимски ден. Умерено облачно и многу студено утро имаме денеска во Македонија, тоа можеме да го видиме и од сателитската слика која што е направена во 06 часот.

МАКЕДОНИЈА – Првиот ден од декември го означува и почетокот на климатолошката или метеоролошката зима, а тоа го потвртдуваат и утринските температури кои ги имаме ова утро и многу ретко се случува вакви температури да имаме во календарската зима во последните неколку години. Во утринските часови појава на мраз и услови за појава на голомразица со утрински температури од -16 до -3 степени. Во текот на денот не очекува умерено облачно време со сончеви периоди, ветровито и студено и покрај порастот на дневните температури кои ќе се движат во интервал од -1 до 8 степени, тие ќе бидат под просекот за овој период од годината.. Во текот на денот ќе дува доумерен северен и северозападен ветер.

СКОПЈЕ – Во Скопје умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и студено време. Утринската температура од -7 степени, а максималната дневна ќе достигне до 5 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Зимските утра, ќе продолжат и во наредните денови. Во петок утрински температури од -10 до -1, во текот на денот претежно сончево со дневни температури од 3 до 11 степени. Во деновите од викендот односно во сабота и недела умерено облачно време со сончеви периоди, со напомена дека во недела во попладневните и вечерните часови во западните и југозападните предели со услови за локални врнежи од дожд и снег над 800 метри. Во сабота максималните температури од 4 до 12, а во недела ќе бидат во опаѓање и ќе достигнат до 2 односно до 10 степени. Во понеделник повторно ледено утро со опаѓање на температурите, утринските од -9 до -1, а во текот на денот претежно сончево и дневни температури од -1 до 7 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот