X
 21.12.2016 Живот

Астронаут фотографирал природен феномен во Сахара


Француски астронаут кој се наоѓа на Меѓународната вселенска станица, направил неверојатна фотографија на природен феномен во африканската пустина Сахара.

Фотографија на Сахара од Вселената

Францускиот астронаут, Томас Песке (Tomas Pesquet), успеал да ја фотографира чудесната спирала позната како „Африканско око“ или како формацијата Ришат (Richat), од Меѓународната вселенска станица (ISS).

Снимената структура се наоѓа во пустината Сахара во Африка, односно во нејзиниот дел во Мавританија.

Формацијата има пречник од 50 километри и долго време се верувало дека е предизвикана од удар од метеорит, односно дека станува збор за кратер што настанал од удар на метеорит. Научниците сепак веруваат дека формацијата настанала под дејство на ерозија.


Африканското око е една од најомилените атракции за фотографирање меѓу екипажот што работи на ISS.

Песке на ISS дошол во ноември 2016 година, во рамки на шестмесечна експедиција и досега успеал да направи неколку спектакуларни фотографии од опсерваторијата на ISS.  
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот