X
 27.12.2016 Образование

Министерството за одбрана објави конкурс за студенти/питомци за военото воздухопловство

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВОЕНА АКАДЕМИЈА „ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ“ − СКОПЈЕ Врз основа на член 21 став 1 од Законот за Воената академија („Службен весник на Република Македонија“ бр.83/2009), Воената академија во Скопје објавува

К О Н К У Р С за запишување студенти/питомци за потребите на военото воздухопловство на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Македонија на прв циклус студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ − Скопје во учебната 2016/2017 година

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ − Скопје (во натамошниот текст: Академијата), распишува Конкурс за запишување на 12 студенти/питомци на редовнo школување, за родот авијација, за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Македонија на прв циклус студии, со стекнати најмалку 120 ЕКТС кредити на високообразовните институции од областа на техничко-технолошките науки во Републик Македонија или на Академијата.

Студиите на прв циклус студии се организираат според студиски програми акредитирани со закон, според нормативите, стандардите и методологијата прифатени од единствениот европски простор за високо образование, вреднувани со кредити по ЕКТС.

Студиските програми на прв циклус на студии на Академијата содржат 240 кредити и траат четири години. Секоја година на студиската програма содржи 60 кредити.

Кликнете тука за КОНКУРСОТ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование