X
 01.07.2017 Живот

Месечен хороскоп за јули 2017 година

Што ѕвездите ви порачуваат за претстојниот месец?

хороскоп

Овен


Љубов - Вашиот емотивен живот може да се подели на два дела - периодот до крајот на вториот дел од месецот ќе го одбележи вашата несигурност, оптеретеност со семејните и љубовните односи, слабата енергија и склоноста да се повлекувате секогаш кога ќе наидат проблеми. Емотивниот партнер е во подобра позиција од вас. Доколку сте слободни, одличен месец за летна љубов и авантура. Со вашата појава и енергија лесно ќе ги привлечете погледите на спротивниот пол.

Работа - Во текот на првиот дел од јули, Овновите ќе мораат да бидат повнимателни кога станува збор за работата. Полната Месечина може на површина да извлече несогласувања, особено со надредените и авторитетите. Вашите живци се прилично тенки, а трпението дојде до крајните граници. До крајот на другата половина на месецот ќе бидете доста оптеретени и ќе ви бидат присутни обврските. После тоа, ќе влезете во енергетски и мисловно просперитетен период.

Здравје - И физички и ментално сте исцрпени. Потребен ви е одмор.

Бик

Љубов
- Нагласениот знак на Рак, особено кога Марс ќе владее со вашите партнерски односи, се наоѓа во овој знак до крајот на јули, па во вашите емотивни и брачни партнерства ќе имате прилично турбулентен период. Вие ќе бидете „лесни на јазик“, а партнерот вашите замерки и начинот на комуникација може да ги доживее прилично оптеретувачки, па ќе одговара на вашиот притисок. Можна е поголема љубомора и посесивност.

Работа - Вашиот владетел во текот на цел јули ќе транзитира низ полето кое се поврзува со работата, но и ги претставува вашите финансии. Енергијата во знакот на Близнаци ќе ви даде предност и добри можности кога станува збор за комуникацијата, преговорите со партнерите и договорите. Од време на време полето на комуникации ќе ви биде нагласено со транзитирањето на Марс, па ќе ви донесе несогласувања со соработниците и шефовите.

Здравје - Во текот на јули може да дојде до подобрување на здравствениот сегмент.

Близнаци

Љубов - Венера во текот на јули ќе се најде во вашиот знак и поле на личноста, што и тоа како може позитивно да влијае врз вашите емотивни и брачни релации. Можеби работите сега не ви се најдобри, бидејќи е прилично комплициран овој период за вас, но пред вас се денови кога можете многу да направите за односот со саканата личност.

Работа
- Во овој месец влегувате во прилично неповолна и комплицирана работна и финансиска ситуација. Но, немате причини за очајување и загриженост - веќе од крајот на првата недела од јули работите ќе започнат да се случуваат со брзо темпо. Влегувањето на вашиот владетел Меркур во полето на комуникацијата и договорите, ќе се отворат нови бизнис преговори, ќе ви дадат побрза енергија, а ако сте невработени - време е да започнете да барате работа.

Здравје - Важно е да се движите, бидејќи физичката активност позитивно влијае врз организмот.

Рак

Љубов - Првата половина од месец јули нема да биде најповолна и нема добро да влијае врз односот со емотивниот или брачниот партнер. Полната месечина во полето на партнерски односи во текот на првата декада од месецот може да само дополнително да ја влоши ситуацијата и да направи и кај вас и кај вашата сакана личност посилно да се активира љубомората, посесивноста и сомнителноста. Вашето расположение ќе биде на прилично лошо ниво, а некои од вас ќе сакаат промена во животот.

Работа - Поголемиот дел од месецот ќе биде одбележан со борба и интензивни ситуации во работниот сегмент. Обрнете внимание на периодот околу полната Месечина, бидејќи токму во овој период ќе можете да бидете под силен притисок и да направите некој импулсивен потег кој може да ви се одбие од главата. Поголемата поддршка од другите ќе ви донесе многу подобри резултати, а состаноците и преговорите ќе ви отворат пат кон подобри резултати и проекти.

Здравје - Внимавајте како се храните.

Лав

Љубов - Овој период влегувате во незадоволна ситуација во вашето емотивно или брачно партнерство. Расправиите и кавгите не се толкав проблем - тие може да дојдат во налет, но исто толку брзо и да исчезнат. Проблемот е вашето лично чувство дека сте заробени во околности врз кои не можете да влијаете. Ентузијазмот и доброто расположение ќе се вратат во вашата врска. Она на кое треба да обрнете внимание, особено во првиот дел на јули се можностите за минливи флертови и влегувања во тајни „комбинации“ кои нема да ви донесат ништо добро.

Работа - Од закоченоста и незадоволството до големо движење и добри резултати - ова на кратко може да биде описот на работниот сегмент кај Лавовите во текот на јули. Имено, колку и да сте закочени во овој период, бидете сигурни дека работите ќе започнат да се случуваат. Новите работни контакти ќе се активираат, ќе имате поддршка и од авторитетите и колегите.

Здравје - Внимавајте на стресот.

Девица

Љубов - Во текот на јули лесно можете да дојдете до рамнотежа која ви е потребна во односот со партнерот. Сепак, немојте да заборавите дека оваа рамнотежа може и да исчезне. Потребно е да вложите повеќе во себеси, повеќе труд, да ја подобрите комуникацијата со саканата личност. Исто така, и на двајцата ви е потребно повеќе време да поминете заедно во некои забавни активности.

Работа - Во вашето поле на кариера и позиција во текот на цел јули ќе престојува транзитната Венера која ќе ви даде одлични шанси да ја подобрите комуникацијата со партнерите и шефовите, но и да се претставите себеси како личност која е успешна во договорите и која има добри идеи и планови. Работните активности ќе бидат големи и слободно можете да очекувате динамичен и активен период.

Здравје - Потребен ви е одмор.

Вага


Љубов - Додека Марс е во знакот на Рак, тешко може да се каже дека ќе бидете задоволни со ситуациите во вашиот љубовен живот. Вашиот владетел во знакот на Близнаци ќе направи да не гледате на овие ситуации толку драстично и тешко како и на времето кое е позади вас. Едноставно, ќе дозволите работите да течат по својот тек и ќе се надевате на најдоброто. На почетокот на месецот вашиот партнер ќе биде љубоморен и посесивен и во текот на овие денови немојте да возвратите со иста мера.

Работа - Обврските ве потиснаа, па нема да можете да се опоравите. Особено во првите денови на јули ќе бидете нервозни, па во овој период тргнете се од некои напнати ситуации со партнерите, но и со колегите. Јули ќе биде доста активен месец, кој во текот на првата половина навистина ќе носи тежина и оптеретеност.

Здравје - Работата и емотивниот однос ќе ви донесат нервоза.

Шкорпија

Љубов - Чувството на повреденост и длабокото незадоволство ќе бидат присутни и на почетокот на овој месец кај сите оние кои се во емотивна врска или брак. Не можете да влијаете врз вашите мисли и немири и се чувствувате прилично несигурно и нестабилно во врската во која се наоѓате. Саканата личност води некоја своја политика и повремено ви покажува дека е присутна. Искрено кажано, не ви претстојат некои добри денови. Оние кои се слободни ги очекува прилично досаден период.

Работа - Иако работниот сегмент ви дава можности за некое помирно функционирање уште во првата недела на јули, тешко дека ситуацијата ќе ви донесе задоволство. Ви се чини дека премногу вложувате во себеси, а резултатите кои ги добивате се просечни. Некое вистинско движење може да очекувате кон крајот на јули, кога Сонцето и Марс ќе се најдат во вашето поле на кариера.

Здравје - Проблеми со стомакот.

Стрелец

Љубов - Венера во текот на целиот месец ќе се најде во вашето поле на сериозни емотивни и брачни партнерства. Со тоа, цел јули ќе треба да се борите со променливото расположение на партнерот. Во еден момент ќе бидете и повеќе задоволни со односот, за во друг момент да поставите одредени граници бидејќи саканата личност ќе претерува и ќе се обиде да влијае врз вас. За слободните Стрелци, им претстои одличен период за флертување и запознавање нови интересни личности.

Работа - Ова е месец кој ќе им се допадне на Стрелците. Уште од крајот на првата недела на јули, ситуацијата ќе започне да се одвива побрзо и подинамично - дефинитивно завршува периодот на застој. Контактите и комуникациите со бизнис партнерите ќе бидат посилни, некои од вас ќе можат да започнат со нови соработки, додека други ќе имаат можност да го променат работното место и да пронајдат нова работа.

Здравје - Проблеми со дигестивниот систем.

Јарец

Љубов - Додека Марс не излезе од вашето поле на сериозни врски и брак, нема да можете да бидете целосно опуштени. Имено, нон стоп над вашата врска ќе биде сивиот облак од кој повремено ќе излегуваат грмотевици и громови предизвикани од сомнежи, љубомора, емотивна повреденост и од ваша страна и од страна на партнерот. Овие напнати моменти ќе траат до 20 јули. Осамените припадници на овој знак во текот на јули ќе останат без емотивни шанси, но повторно се поставува прашањето - дали навистина сте подготвени да се препуштите и да влезете во нова љубовна приказна?

Работа - Венера во работните околности и секојдневието ќе влијае позитивно врз односите со колегите, но и на вашиот однос кон обврските. Токму кога станува збор за обврските - обрнете внимание на нив во текот на втората декада на јули. Немојте да доцните бидејќи ќе имате прилично големи проблеми во финансискиот дел.

Здравје - Исфрлете го стресот со некоја физичка активност.

Водолија

Љубов - Доколку сте во емотивна врска или брачна заедница, имате период до 20 јули кој само и исклучиво ќе работи во ваш интерес. Одлични денови за комуникација со саканата личност, за убави и релаксирачки моменти, за заедничко летување, за планирање принова. Навистина нема да можете да се пожалите во првите две декади од месецот. Едноставно, уживајте!

Работа - Еден голем дел од јули за Водолиите ќе биде обврски, обврски и само обврски. Сега, колку и да е напорно и повремено исцрпувачки за вас, сепак ќе имате и одлични повратни информации - некои нови бизнис партнерства, па од страна на шефот ќе имате одлична поддршка, така што вашите планови и тоа како ќе се движат одлично кон нивната реализација. Само продолжете со ова темпо, колку и да е тешко и напорно.

Здравје - Морате да пронајдете начин повеќе да се одморите и опуштите.

Риби


Љубов - Емотивните врски и брачните односи имаат добри предиспозиции за квалитет и постојаност во текот на јули. Венера се наоѓа во вашето поле на домот и семејството во текот на овој период и ќе ви донесе полесна атмосфера, пријатни моменти и опуштеност со партнерот. Но, да не помислите дека работите ќе бидат совршени - кон средината на јули, нема да можете да му дадете доволно внимание и време на саканата личност.

Работа
- Променлив месец на работа. Ова не значи дека нема да бидете задоволни со крајните резултати, туку нон стоп ќе се чувствувате несигурно. Исто така, особено во вториот дел на јули, ќе се соочите со значително поголем обем на обврските. Тоа ќе ви донесе и поголем прилив, но сепак, ќе морате да „стегнете заби“ и да ги издржите цел овој период. Кон крајот на месецот ќе имате нова понуда за работа која сериозно треба да ја земете во предвид.

Здравје - Внимавајте на УВ зраците од Сонцето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот