X
 16.01.2019 Здравје

Кинезите го намалуваат загадувањето за да живеат подолго, а ние?

Ако го подобрат квалитетот на воздухот што го дишат, Кинезите би можеле да живеат во просек три години подолго, проценува Светската здравствена организација (СЗО).

Кина вети дека ќе го намали влијанието на загадениот воздух и загадената вода врз здравјето до 2030 година, па просечниот животен век би можел да се зголеми на 79 години.

Експертите тврдат дека Кина напредува во борбата против загадениот воздух.

kina
Фото: Thinkstock


Според официјалните податоци, подобрувањето на квалитетот на воздухот во изминатите пет години е забележано во Тјенцин, Северна Кина, кој е познат по смогот.

Таму просечниот животен век за 13 милиони жители би можел да биде продолжен за една и пол година. Просечната концентрација на микроскопските ПМ-честички Кина минатата година ја намали на 39 микрограми на кубен метар, што е за 9,3 отсто помалку во споредба со 2017 година. Но, просечното загадување на воздухот и понатаму е значително над кинескиот стандард од 35 микрограми на кубен метар.

СЗО препорачува десет микрограми како граница на подносливост. Во северните индустриски подрачја просечната загаденост на воздухот е многу поголема.

Група составена од најдобрите кинески експерти за здравје смета дека загаденоста на водата и на воздухот е една од најголемите опасности за здравјето во Кина во текот на наредните 20 години, заедно со дебелината, депресијата и Алцхајмеровата болест.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје