X
 03.01.2024 Живот

Како „Пепси“ во еден момент стана шестата воена сила во светот?

Компанијата за сокови „Пепси“ некогаш ја имала шестата по големина војска во светот.

Сè започнало во 1959 година кога тогашниот американски претседател Двајт Ајзенхауер одлучил да испрати еден куп американски културни ликови во Советскиот Сојуз како дел од турнејата за добра волја.

Меѓу нив бил и потпретседателот на „Пепси“, Доналд Кендал, кој имал одлична идеја: да го запознае Советскиот Сојуз со слаткиот вкус на капитализмот давајќи му бесплатни примероци од „пепси“.

Тој успеал да добие дозвола од советскиот лидер Никита Хрушчов да постави штанд на „Пепси“ на изложба во Москва. Таму на Хрушчов му понудил чаша „пепси“ и нему толку многу му се допаднал пијалакот, што побарал уште еден.

Кендал го фотографирал Хрушчов како пие „пепси“, а фотографијата станала сензација во американските медиуми. Таа фотографија му помогнала на Кендал да обезбеди договор со Советите за продажба на „пепси“ во нивната земја.

Soviet leader Nikita Khrushchev tries a cup of Pepsi alongside US Vice President Richard Nixon as Pepsi-Cola CEO Donald Kendall (left) pours samples during the American National Exhibition in Moscow in 1959.
byu/capcaunul ineurope
Но, имало проблем: советската рубља не била конвертибилна во која била друга валута, така што пијалакот не можел да биде платен во готово.

Наместо тоа, тие се согласиле да го заменат „пепси“ за советска вотка, која потоа би можела да се продава на американскиот и на другите пазари. Овој договор некое време функционирал и за двете страни, до моментот кога „Пепси“ стана толку популарен во СССР што биле потребни повеќе количини отколку што можела вотката да покрие.

Така, во 1989 година Кендал смислил друго решение: наместо вотка, прифатил советски воени бродови, вооружени со топови и проектили, како начин на плаќање.

Советите имале многу вакви бродови по Студената војна и сакале да се ослободат од нив и да ја модернизираат својата флота. Така, тие се договориле да разменат 17 подморници, крстосувач, фрегата и разурнувач во вредност од 3 милијарди долари. Патем, тоа било доволно за да се направат 20 милијарди лименки „пепси“.

Договорот го потпишале Кендал и советскиот претседател Михаил Горбачов, по што „Пепси“ станал сопственик на шестата по големина морнарица во светот во тоа време, поголема од оние на Франција, Британија и Кина.

Но, „Пепси“ не сакал да ги задржи тие бродови. За брзо ги продал на некоја шведска фирма. 

Но, краток период во историјата „Пепси“ имал доволно воена моќ за да почне војна за безалкохолни пијалаци со секој што ќе се осмелел да го предизвика.

Извор: 6yka.com
Фото: Reddit
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот