X
 04.10.2025 Технологија

Чудни фотографии од 2010 година - „Мајкрософт“ организира погреб за „ајфон“

Технолошката историја е полна со чудни моменти, но малкумина се толку ненамерно урнебесни како на пример „погребната парада“ на „Мајкрософт“ во 2010 година.

Наменет за прослава на лансирањето на „виндоус телефон 7“, претераниот спектакл вклучувал мртовечки коли, костими и лажен погреб на „ајфон“ и „блекбери“.


Таа година „Мајкрософт“ се подготвувал да го лансира својот долгоочекуван „виндоус телефон 7“, мобилниот оперативен систем за кој раководителите верувале дека конечно може да ги предизвика „ајфон“ на „Епл“ и некогаш доминантните телефони „блекбери“. Софтверот бил најавен неколку месеци претходно и бил пречекан со претпазлив оптимизам, но ентузијазмот во компанијата бил многу подраматичен.

За да го прослави завршувањето на платформата, компанијата „Мајкрософт“ организирала целосна парада на својот кампус во Редмонд. Она што започнало како внатрешна прослава, брзо станало озлогласен процес откако фотографиите се појавиле на интернет.


Темата на парадата била јасна: наводната „смрт“ на „ајфон“ и „блекбери. Вработените, облечени во раскошни костими, марширале покрај две вистински мртовечки коли, секој претставувајќи го паднатиот ривал.

Надреалната поворка личела на пародија на Ноќта на вештерките.

Чудно е што „Андроид“ - конкурентот во подем што ќе продолжи да доминира на пазарот - бил изоставен од погребот, како да не претставувал никаква сериозна закана.

Фотографиите што останале од тој ден покажуваат мешавина од гордост и несмасност. Некои вработени се чини дека се забавуваат со „претставата“, додека други изгледаат како веќе да почувствувале дека трикот може да остави лош впечаток.

Гледано од денешна перспектива, тоа време „ајфон“ само што почнуваше да го преобликува светот на паметните телефони, а „Андроид“ беше на работ на експлозивен раст.


Во меѓувреме, „виндоус телефон 7“ не успеа да добие наклон и покрај огромните ресурси на „Мајкрософт“.

- Имаше доста коментари на интернет за денешната тимска забава на нашата компанија за прослава на завршувањето на „виндоус телефон 7“. Овој вид забави се вообичаени низ целата индустрија. Тоа е одличен начин тимовите што работеле прекувремено да се ослободат од притисокот и малку да се забавуваат. Настанот вклучуваше музика, игри, храна и лежерна парада до фудбалското игралиште каде што се одржа забавата. Целта беше добра забава и ниту еден вистински натпреварувач не беше повреден во текот на прославата - пишувало во јавното известување од „Мајкрософт“.

Извор: rarehistoricalphotos.com

Фото: Rare Historical Photos screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија