X
 16.02.2025 Наука

Видео: Електричен ветар за гаснење пожари

Истражувачите од Државниот универзитет во Охајо создадоа нова пренослива алатка наречена „Ворткес лаунчер“ која може да го подобри начинот на гасење пожари, правејќи го процесот поефикасен и помалку ризичен.

Дизајнирана како алтернатива на традиционалните противмерки за гаснење пожари, како што се токсичните хемиски пени или хидрантите чија употреба ги оптоварува водните ресурси, овој уред го потиснува пламенот користејќи ја моќта на спроводливите аеросоли, мали честички кои можат да спроведат струја. Овие аеросоли се носат со вителски прстени, мали воздушни ленти во форма на крофна, кои ги претвораат честичките во кратки пулсирања кои го претвораат блискиот кислород во озон.

фотоизвор: MDPI journal

-Откако ќе бидат ослободени, нивниот забрзан проток на воздух создава брзи турбуленции, нарушувајќи го процесот на природно согорување и брзо гаснејќи го огнот. Со комбинација на електрична енергија и оваа технологија на вителски прстен најдовме поефикасен начин за решавање еколошки проблем кој ќе го подобри нашиот квалитет на живот - истакнал Џон Лароко, главен автор на студијата и научник од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Охајо.

Уредот наликува на мала кофа прикачена на држач за рака. Пожарникарите би ја насочиле кофата кон огнот, како што може да се види на ова видео.

- Идејата да се создаде овој евтин, безбеден и пренослив уред првично започна како метод за подобрување на сегашните техники за управување со пожари - изјавила Кудсија Тахмина, коавтор на студијата и вонреден професор по електротехника и компјутерско инженерство.


Првиот чекор бил да се одреди кои хемиски комбинации најдобро ќе формираат спроводливи аеросоли. По седум мешавини што биле тестирани во две испитувања, најспроводливиот од нив, груб бакарен раствор, бил избран како материјал за вителски прстен. Откако симулациите покажале дека уредот ќе успее да ги потисне пожарите, истражувачите почнале да тестираат како понатаму да ја оптимизираат моќта на уредот.

За да го направат ова, тие тестирале две верзии на нивниот прототип, фрлач на компримиран воздух со конусна цевка што создава вителски прстени преку ослободување компримиран воздух и фрлач со еластична дијафрагма со цевки кои имаат квадратни рабови, што создаваат вителски прстени со еластична мембрана.

Нивната работа открила дека и двата прототипа имале ефективен опсег од речиси 2 метра.

Во зависност од големината на пожарот и бројот на пожарникари, најверојатно ќе бидат потребни повеќе вакви уреди во вистински итен случај.

Истражувањето покажува дека уредот може да се користи во индустриската автоматизација и вселенските технологии, за заштита на воени возила, па дури и на внатрешноста на вселенските летала од пожар.

Извор: vidi.hr

Фото: MDPI journal

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука