X
 16.03.2023 Живот

Почна пријавувањето за бесплатни билети за воз за млади од Европа

Комисијата на Европската Унија го отвори пријавувањето за програмата „Дискавер ЕУ“, со која ќе им додели бесплатни билети за воз на 35.000 луѓе од Европа.

Пријавувањето почна на 15 март, а ќе заврши на 29 март. Кандидатите мора да докажат дека се родени помеѓу 1 јули 2004 и 30 јуни 2005 и да се пријават на младинскиот портал на ЕУ за да добијат бесплатен билет.

Во рамките на пријавувањето, кандидатите треба да одговорат на неколку прашања. Билетите се за патувања во период од најмногу 30 дена, од 15 јуни 2023 до 30 септември 2024.

Повикот е отворен за кандидати од ЕУ, Лихтенштајн, Исланд, Македонија, Србија, Норвешка и Турција. Освен билетите, кандидатите ќе добијат и картичка за попусти која ќе може да ја користат за јавен превоз, сместување, културни и спортски настани и други активности во земјите во кои ќе патуваат.

Извор: Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот