X
 16.04.2025 Живот

Слонови во зоолошка во Сан Диего формираа заштитнички круг околу младите за да ги заштитат од земјотрес

Припадниците на стадото слонови во зоолошка во Сан Диего побрзаа да ги заштитат своите младенчиња при земјотрес со магнитуда од 5,2.

Видеото, снимено во понеделникот, прикажува пет африкански слона како мирно стојат пред да се случи земјотресот. За време на земјотресот, постарите слонови се собраа и формираа заштитнички круг околу двете седумгодишни младенчиња со цел да ги заштитат од потенцијална опасност.

Тие останаа така дури и откако земјотресот престанал.

Земјотресот беше почувствуван од Сан Диего до Лос Анџелес, на околу 193 километри, но не предизвика повреди или големи оштетувања.

Но, ги исплаши слоновите.

- Откако формираа круг, тие се „замрзнаа“ за да соберат информации за тоа каде е опасноста - изјави Минди Албрајт, куратор во зоолошката во Сан Диего.

Слоновите се многу интелигентни и социјални животни кои имаат способност да го чувствуваат звукот преку нивните нозе. Кога ќе почувствуваат закана, често се групираат во „заштитнички круг“, обично со младите во центарот, додека возрасните гледаат нанадвор за да ја одбранат групата.

Во видеото може да се види како едно од младенчињата оди да се засолни меѓу возрасните, група на матријархи. Но, другото младенче, единствениот мажјак, остана на раб на кругот, сакајќи да ја покаже својата храброст и независност, вели Албрајт. Во меѓувреме, Коси, слоница тинејџерка која помогнала во воспитувањето заедно со неговата биолошка мајка Ндлула, повеќепати го тапкаше по грбот со нејзината сурла, дури и по лицето, како да го теши.

- Убаво е да се види како слоновите прават нешто што сите ние треба да го правиме, нешто што треба да го прави секој родител, а тоа е да ги заштити своите деца - вели Албрајт.



Извор: The Guardian
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот