Главниот извршен директор на „Епл“, Тим Кук, им се обрати на студентите од Универзитетот „Дјук“ во Северна Каролина. Меѓу другото, изјави дека Америка е длабоко поделена и дека голем дел од Американците одбиваат да слушнат какво било мислење различно од нивното.
Фото: Profimedia
- Нашата планета се загрева, со ужасни последици, а некои дури и не прифаќаат дека тоа воопшто се случува. Нашите училишта и заедници патат поради длабоката нееднаквост. Не успеавме да му обезбедиме на секој ученик и студент право на добро образование. Сепак, не сме немоќни пред овие проблеми. Не сме немоќни за да не можеме да ги решиме - порача тој.
- Ниту една генерација досега немала поголема моќ од вашата, ниту можност да ја промени состојбата. Ритамот по кој е можен напредокот драматично се забрзува. Со помош на технологијата секој поединец има алатки, потенцијали и достигнувања со кои може да изгради
подобар свет. Затоа ние живееме во најдоброто време - вели Кук.
Целосниот говор погледнете го во продолжение.