X
 17.06.2018 Живот

Зошто вработените на „Епл“ повеќе не седат додека работат?

Седењето е нов вид на рак - предупредува шефот на „Епл“ и затоа неговите вработени повеќе не седат.

Поголемиот дел од работите што се случуваат во „Епл Парк“, новото седиште на компанијата што изгледа како вселенски брод, не излегува надвор од нејзините ѕидови.

Но главниот извршен директор на „Епл“, Тим Кук, неодамна сподели нешто со светот: сите вработени добиле маси на кои работат стоејќи.

kuk
Фото: Pixsell


-На сите вработени им дадовме маси на кои можат да работат стоејќи. Ако можете да работите малку стоејќи, малку седејќи, тоа е одлично за вашиот стил на живот - порачува Кук и додава дека седењето е исто погубно колку и ракот.

Работните маси на кои можат да работат стоејќи е само дел од придобивките што им се на располагање на вработените на „Епл“ во новото седиште, што наводно чинело повеќе од 5 милијарди долари.

„Епл парк“ е дизајниран така што границите меѓу главните згради и кампусот се замаглени. Кампусот е полн со овошје, а кафулињата наоколу го служат свежото овошје. Во рамките на комплексот има огромна фитнес сала и услуги за транспорт до надворешните канцеларии.

Мебелот бил рачно изработен. Со споменатите маси, работниците добиле столчиња „Витра“ што чинеле 1.200 долари. Заедничкиот простор и кафулињата се опремени со столови дизајнирани од „Наото Фукусава“, а чинат 2.500 долари.

„Епл“ доста инвестира во удобноста на своите вработени, за полесно да ги привлече и задржи бараните и високо платените програмери и другите технолошки работници.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот