X
 16.05.2025 Живот

Националниот парк Шар Планина е новиот туристички екоцентар

Националниот парк сè повеќе се развива како дестинација за екотуризам, привлекувајќи љубители на природата од земјата и од странство. Паркот придонесува за одржлив развој на регионот, нудејќи еколошки прифатливи активности што ја почитуваат и штитат природната средина и ја зајакнуваат локалната економија

Шар Планина е последниот прогласен Национален парк во Република Македонија. Богатиот диверзитет на флората и фауната, важноста на овој предел за еколошката и хидролошка слика на државата придонесоа ова подрачје да се стави под поголема заштита на државата.

- Шар Планина е дом на голем број видови, а над 200 растителни видови се балкански или локални ендемити. Тоа значи дека не постојат на ниту едно друго место во светот и секако тука ќе ги потенцирам загрозените животни. Со воспоставувањето на паркот се забрануваат активности кои ги загрозуваат видовите, како што се: неконтролирано сечење и уништување шуми, криволов, загадување на езерата и реките, недозволена градба итн. Воедно, паркот врши научен мониторинг, со помош на биолози и чувари на природата, што овозможува следење на популацијата и здравјето на видовите - објаснува Aнела Ставревска Панајотова, раководителка на одделението за заштита на природа во ЈУ Национален парк Шар Планина.



Таа додава дека денес Шар Планина е далеку попосетена од туристи, домашни и странски, од научници и од вљубеници во природата.

- Националниот парк Шар Планина сè повеќе се развива како дестинација за екотуризам, привлекувајќи љубители на природата од земјата и од странство. Паркот придонесува за одржлив развој на регионот, нудејќи еколошки прифатливи активности што ја почитуваат и штитат природната средина, а воедно и ја зајакнуваат локалната економија. Како институција која постои само 3 години, за поттикнување на екотуризмот всушност првите напори ги правиме оваа година. Во тек се иницијативи за поставување нови информативни табли и патокази, засолништа, информативен центар, реконструкција на парковска инфраструктура, бележење на планинарски патеки итн., но нѐ чека многу работа, а за жал работите не одат секогаш според планираното поради многубројни административни процедури, политички процеси во државата и недостиг на средства. Во тек е и поддршка за локални бизнис-иницијативи кои ќе придонесат за развој на туризмот, но воедно и ќе придонесат кон спроведување активности од планот за управување со подрајчето - вели таа.

Ставревска посочи и дека во неколку села жителите веќе ги адаптираат или реновираат семејните куќи за сместување туристи, додавајќи дека овој предел треба да биде простор каде што луѓето и природата треба да функционираат во рамнотежа и хармонија.



„Пивара Скопје“ преку платформата „Наша гордост, наша одговорност“ потпиша Меморандум за соработка со ЈП Национален парк „Шар Планина“ за заеднички активности кои ќе придонесат за заштита и унапредување на ова непроценливо природно богатство.

Една од овие активности беше екоакцијата за чистење на излетничкото место Лисец на Шар Планина, која се одржа на 7 мај. Во акцијата учествуваа 23 волонтери, кои заедно со вработените од Националниот парк и партнерите од „Саубермахер“ собраа цели 1.300 килограми отпад – резултат кој не само што говори за посветеноста на учесниците, туку и за важноста од заедничка акција за заштита на нашите планини.


(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот