X
 16.07.2019 Живот

Зошто Новак Ѓоковиќ јаде трева на „Вимблдон“?

Традицијата што ја почнал во 2011 година, откако ја освоил првата титула на престижниот турнир во Лондон, Новак ја продолжува и понатаму, и по секоја победа кине малку трева од главниот терен и ја јаде.

Оние што ја следат кариерата на српскиот тенисер не се изненадени од овој потег, но затоа многу помлади гледачи беа изненадени. Така, еден фан објаснува зошто Ѓоковиќ јаде трева, велејќи дека тоа е затоа што е „GOAT“. За оние што не го знаат англискиот јазик, станува збор за игра на зборови што упатува на две значења на овој збор - едното е „коза“, а другото „најдобар на сите времиња“ (Greatest Of All Time).

Сепак, вистинскиот одговор е малку посентиментален. Како што еднаш Ѓоковиќ изјавил, јадењето трева на „Вимблдон“ е поврзано со ветувањето што си го дал во детството.

- Кога бев мал, мечтаев за Вимблдон, тоа ми беше голем сон. Си реков: ако победиш, ќе мораш да изедеш трева од тој терен. Тревата од „Вимблдон“ за мене е како благо, вкусна е и тој чин претставува симбол на мојата победа.

Инаку, Новак доби многу честитки за победата, па и од Кенсингтонската палата откако Кејт Мидлтон му го додели шампионскиот пехар.
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот