X
 23.09.2023 Наука

Пронајден нов вирус во најдлабоката точка на површината на Земјата

Нов вирус е откриен во најголемата длабочина во океаните на Земјата. Вирусот наречен „vB_HmeY_H4907“ спаѓа во категоријата бактериофаги, кои се реплицираат во бактериите.

Се верува дека тие се најзастапените форми на живот на планетата и играат клучна улога во екологијата на океаните, помагајќи да се регулира бројот на видовите и да се ослободуваат хранливи материи. Во Маријанскиот Ров, на  длабочина од 8.900 метри, беше откриен новиот вирус.

- Според нашите сознанија, ова е најдлабокиот познат изолиран бактериофаг во светскиот океан - вели Мин Ванг, морски вирусолог од Кинескиот универзитет.

Според него, откритието би можело да поттикне понатамошно истражување на стратегиите за преживување на вирусот во некои од најтешките и најоддалечени средини на Земјата.

- Екстремните средини нудат оптимални шанси за откривање нови вируси. По геномската анализа на новиот вирус, тој беше наречен „vB_HmeI_H4907“ - додаде Ванг.

Истражувачите веруваат дека овој вирус веројатно е широко распространет во океанот. Има слична структура како и домаќините на бактериската халомонска група, кои често се наоѓаат во седименти и отвори слични на гејзери на морското дно.

Извор: Gizmodo.com
Фото: NOAA Office of Ocean Exploration and Research, 2016 Deepwater Exploration of the Marianas
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука