X
 16.07.2021 Култура

Најдобрите криминалистички документарци базирани на вистински приказни

За сите што сакаат мистерии и обожаваат да решаваат криминални случаи, ова се најдобрите криминални документарни филмови базирани на вистински приказни.

„Американско убиство: Семејството до нас“ (American murder: The family next door)

Дури и семејствата со најубави фотографии на социјалните мрежи имаат свои проблеми, но она што започнува како афера, завршува со убиство. Крис Ватс станал еден од најомразените мажи во САД кога признал дека ги убил својата бремена сопруга и нивните две мали ќерки.


„Киднапирана пред сопствени очи“ (Abducted in plain sight)

Во овој документарец не се знае дали е полошо да сте манипулативниот сосед што ја киднапирал Жан Броберг или семејството кое двапати дозволило да ја киднапираат 12-годишната Жан. Роберт Берчтолд е киднаперот, кој го убедувал семејството на Жан да се откаже од сите тужби, за по две години да го повтори делото.


„Ноќен следач: Лов на сериски убиец“ (Night stalker: The hunt for a serial killer)

Во овој документарен филм има убиства, напади, силувања и киднапирања. Станува збор за еден од најстрашните сериски убијци во американската историја, Ричард Рамирез, кој на крај бил осуден за 13 убиства, пет обиди за убиство, 11 сексуални напади и 14 кражби.


„Чуварите“ (The keepers)

Ова е серија од седум епизоди која го истражува убиството на калуѓерка од 1969 г. Во серијата се открива дека таа била убиена бидејќи дознала за сексуално искористување на девојки во католичкото училиште во кое предавала.


„Аманда Нокс“ (Amanda Knox)

Американската студентка Аманда Нокс била осудена на 26 години во италијански затвор поради брутално убиство и силување на својата цимерка. Во документарниот филм Аманда ја раскажува целата приказна.



Извор: Novosti
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура