X
 02.12.2015 Технологија

Морничави нерешени мистерии на интернет

Интернетот е навистина големо место - толку големо што доколку се обидете да ја изброите секоја веб страна, веројатно ќе ви недостасуваат броеви или пак трпение.

 

интернет


Исто така, интернетот е доста чудна работа, навистина чудна - луѓето насекое пронаоѓаат работи кои се чинат чудни, морничави и необјасниви, работи од кои ќе ви полазат морници. Ви нудиме некои од најбизарните нерешени мистерии на интернет.

1. A858

A858 е името на мистериозен Reddit. Уште од 2011 година овој непознат корисник постира илјадници долги кодирани текстуални пораки скоро секој ден. Овие чудни пораки ги заинтересираа другите Reddit корисници толку многу што постои цела тема за решавање на тоа кој е А858.

Пораките се појавуваат целосно напишани во хексадецимали, што е нумеричка нотација која се користи за компјутерски програми. Илјадници луѓе зедоа учество во дешифрирање на пораките, меѓутоа и ден денес овие пораки остануваат мистерија.

2. Cicada 3301

Cicada 3301 е една од најголемите мистерии од сите интернет мистерии. Се` започна на 5 јануари 2012 година кога анонимен корисник 4chan постира чудна црно-бела слика на табла на која пишувало:

„Здраво. Бараме високо интелигентни луѓе. За да ги пронајдеме, ние смисливме тест. Постои порака скриена во оваа слика. Пронајдете ја и ќе ве одведе до нас. Со нетрпение очекуваме да ги запознаеме оние малку луѓе кои ќе успеат во тоа. Со среќа. 3301“.

Нормално, ова ја натера интернет заедницата да ја побара скриената порака во сликата. Се` додека Џоел Ериксон, 34 годишен компјутерски менаџер од Шведска не ја пронајде. Знаеше дека станува збор за дигитална стеганографија - начин за да се сокрие кодирана порака во слика. Ериксон ја декодирал пораката која била „Tiberius Claudius Caesar“ заедно со низа на бесмислени букви.

Ериксон отишол чекор понапред и се обидел да ја реши цела загатка, меѓутоа како што продолжувал така загатката станувала се` покомплицирана. Секој доказ станувал се покомплексен и потежок за решавање. Никој не знае дали некој ги има решено сите загатки и дали стигнал до крајот. После еден месец после постирањето на првата загатка, била постирана нова порака: „Ги пронајдовме индивидуалците кои ги баравме. Со тоа нашето едномесечно патување завршува“.

Никој не знае кој стоеше позади оваа загатка но луѓето претпоставуваат дека тоа бил начин на регрутирање на шпиони за МI6 или ЦИА. Она што е интересно зa Cicada 3301 е тоа што загатката ги терала луѓето да пронајдат постери и специфични координати насекаде низ светот вклучувајќи ја Русија, Јапонија, Франција, Јужна Кореја, Полска и Америка. Од тогаш, секоја година, на 5 јануари започнува нова игра.

3. Темната страна на интернетот

Страните кои ги посетувате секој ден како Фејсбук и Гугл се само мал дел од гигантскиот леден брег што се наоѓа на интернетот. Сепак 80% од целиот интернет не е индексиран од страна на било кој пребарувач и може да се влези само преку посебни апликации. Никој не знае што се наоѓа во таканаречениот „длабок интернет“. Се претпоставува дека таму има украдени кредитни картички, трговија со луѓе оружје па дури и платени убијци.

4. „Mariana's web“


Ако мислите дека длабокиот интернет звучи мистериозно, тогаш веројатно уште помистериозно е ова ниво на интернетот кое се наоѓа уште подлабоко од длабокиот интернет. Всушност, толку е длабоко што никој не успеал да добие пристап до него. Се нарекува „Mariana's web“ - името го добил по најдлабокиот океански ров на Земјата.

Се шпекулира дека тука се чуваат најголемите тајни на човештвото вклучувајќи ја и локацијата на Атлантида. Во основа, станува збор за интернет верзијата на тајните архиви на Ватикан. Некои дури и велат дека ова е дом на супер интелигентната вештачка интелигенција која го контролира интернетот.

Се смета дека ако сакате да влезите на ова ниво на интернетот тогаш треба да решите високо ниво на математичка функција „Polymeric Falcighol Derivation“ која бара работа на квантен компјутер а квантен компјутер се`уште не постои.

5. „Webdriver Torso“


Ова е името на еден доста чуден канал на YouTube. Започнувајќи од 2013 година, скоро секоја минута, 24 часа дневно, се појавува ново видео кое трае 11 секунди. Сепак, за разлика од другите видеа на YouTube, во видеата на овој канал не постои ништо. Секое видео е сино со црвени форми во придружба на чудни звуци.

Некои големи компании како BBC се заинтересирале за овие видеа па започнале да ја решаваат загатката и да откријат за што е овој канал. Некои луѓе мислат дека е модерната верзија на „numbers station“ кадешто криптични радио сигнали се користеле за време на Студената војна за испраќање на пораки до шпиони. Но други мислат дека видеото од 11 секунди се всушност комуникација од страна на вонземјаните.

Во јуни 2014 година беше откриено дека каналот е ништо повеќе отколку тест за одржување на Google.

Сепак, многу скептици веруваат дека Google едноставно измислил причина за да го прикрие алтернативниот мотив на овој канал.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија