X
 16.07.2022 Живот

Редок природен феномен што ги воодушеви туристите: Оваа плажа на Малдивите свети во мрак

Знаеме дека Малдивите звучат како доста далечно и недостапно место, но ако некогаш имате шанса да ги посетите, не заборавајте да го посетите островот каде што и плажата и водата светат навечер.

Зошто плажата на Малдивите свети?

Светлосината вода што ја гледате на плажата не е само биолуминисцентен феномен на плажата. Сјајот или светлината што ја гледате е емитирана од живи суштества, односно од планктоните. Тие се сметаат за „виновниците“ за овој биолуминисцентен феномен. Суштествата испуштаат светлина што може да се види само навечер, во темнина.

Плажата на островот Ваду на Малдивите е полна со микроорганизми и микроби кои емитуваат светлина и имаат природен капацитет да произведат живописна сина светлина. Овој процес како целина ја персонифицира убавината на плажата и создава неверојатна глетка за посетителите. Многу патници од целиот свет го посетуваат ова место за да го доживеат импресивниот феномен.

ostrov
Фото: Instagram

Постојат само неколку места на планетата каде што можете да го видите овој феномен: на Малдивите, во Јамајка, Сан Диего, Австралија, Тајланд и Виетнам.

За островот Ваду

Во основа, Малдивите се дом на многу острови. И покрај тоа што е мал остров со население од помалку од 500 луѓе, Ваду се здоби со голема популарност поради својот раскош. Многу љубители на патувањата го нарекуваат Море на ѕвездите поради неговиот сјај во темнината.

Зошто водата на Малдивите е толку сина и чиста?


Водата на Малдивите е позната по изобилството на корални гребени. Познато е дека водите на Малдивите се состојат од корални гребени и фитопланктони кои ги апсорбираат сините и зелените бои од сончевата светлина, што создава чиста вода и кристално чист одраз. Друга главна причина е тоа што Малдивското Море е поставено на најниската точка, па температурата на Малдивите ја прави водата кристално чиста.


Извор: b92.net
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот