X
 20.05.2025 Живот

Најчистата вода на светот се наоѓа тука: Непознатото грчко островче што ќе ве остави без здив

Веројатно никогаш не сте чуле за ова грчко островче, а плажата со најчистата вода на светот се наоѓа таму.

Грчкиот остров Кимолос, кој се наоѓа во Егејското Море, има плажа што е прогласена за место со најчистата вода во светот, пренесуваат грчките медиуми повикувајќи се на истражување спроведено од американската туристичка агенција „Флорида панхендл“. Анализата, која ги зела предвид мислењата на 2,4 милиони туристи, за победник ја назначи плажата Праса.



Плажата Праса е вистински бисер на Кикладскиот Архипелаг и е прогласена за плажа со најчиста вода на планетата. Дополнително, поголемиот дел од плажите со највисоки оцени за чистота на водата се наоѓаат токму во Грција, нагласуваат од американската компанија. Плажата се наоѓа на североистокот од островот Кимолос со население помало од илјада жители, а на туристите им нуди не само кристално чиста вода, туку и мир, тишина, како и шармот на мала, тивка заедница.

Минатата година имаше значителен пораст на бројот на туристи во Грција. Само во 2023 година земјата ја посетиле над 36 милиони луѓе, што е зголемување од 20,8 отсто во споредба со претходната година, а растот продолжува. Најголем дел од туристите го избрале регионот Атика, но најмногу пари и резервации биле направени токму на јужните егејски острови.

Овие податоци покажуваат дека Грција, особено нејзините острови, продолжува да ги привлекува туристите со своите природни убавини и уникатна клима. А плажата Праса на островот Кимолос, со својата најчиста вода во светот, несомнено е еден од главните адути на туристичката карта на оваа земја.

Извор: 6yka.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот