X
 16.08.2018 Живот

Еврејска мудрост: Ако сакаш да ги оствариш своите соништа не спиј


Ако сакаш да ги оствариш своите соништа, не спиј.

Животот е најголемата зделка, го добиваме бесплатно.

Она што не го гледаш со очите, не измислувај го со устата.

Половина вистина е целосна лага.

Ако некому му е судено да се удави, ќе се удави и во чаша вода.

Она што е сапунот за телото, тоа е смеата за душата.

Многумина се жалат поради својот изглед, но никој не се жали поради умот.

Кога немаш што да изгубиш, можеш со сè да се обидеш.

Сите ние сме луди на овој или на оној начин.

Оној што не може да го издржи лошото, нема да живее да го види доброто.

Мудриот човек слуша еден збор, а разбира два.

Ако си опкружен со џуџиња, не значи дека си џин.

Детските солзи го распарчуваат и рајот.

Бог ни дава товар, но и раменици.

Сите луѓе се од исто тесто, но не се печени во иста печка.

Подобро грам среќа отколку килограм злато.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот