X
 13.10.2022 Живот

Мудрости и за најтешките времиња: „Ако сакате да ги промените работите, прво променете се себеси“

Сите сме поминале низ тешки времиња. И сите сме ги преживеале. Сепак, факт е дека некои луѓе подобро се справуваат со животните предизвици од другите. Која е нивната тајна?

Сè зависи од нашиот став кон она што се случува околу нас. Овие совети треба да ги имате на ум кога животот ќе стане тежок.

1. Ако сакате да ги промените работите, прво променете се себеси


Она со што се соочувате во надворешниот свет често ги одразува вашите чувства и ставови однатре. Веројатно познавате луѓе чии животи се хаотични и стресни. Дали навистина мислите дека тоа се случило сосема случајно?

Сакаме да мислиме дека промената на околностите има ефект врз нас. Всушност, обратно е: кога се менуваме однатре, се менуваат и нашите околности.

2. Не сте жртва

Вие сте жртва само на сопствените мисли, зборови и постапки. Вие сте одговорни за вашите сопствени искуства. Прифатете лична одговорност и сфатете дека можете да ги надминете сите тешкотии со кои се соочувате.

Почнете да ги приспособувате на вашите мисли и начинот на кој постапувате. Отфрлете го менталитетот на жртва и станете победник.

3. Проблемот станува проблем само кога мислите дека е проблем

Честопати си стануваме најголеми непријатели сами на себе. Да се биде среќен е прашање на перспектива. Ако нешто претворите во проблем, ќе бидете полни со негативни емоции и мисли. Но, ако наместо тоа мислите на лекциите што можете да ги извлечете од ситуацијата во која се наоѓате, одеднаш тоа нема да ви изгледа како проблем.

4. Не постои неуспех

Време е да го исфрлите зборот „неуспех“ од вашиот речник. Низ историјата, сите што постигнале големи работи доживеале многу тешкотии пред да постигнат некаков успех.

- Никогаш не доживеав неуспех кога се обидував да ја измислам светилката. Само најдов 99 различни начини на кои таа не функционираше - рекол Томас Едисон.

Научете нешто од тие ваши таканаречени неуспеси. На тој начин следниот пат ќе ги направите работите подобро.

5. Ако не сте го добиле она што сте го сакале, тоа значи дека ве очекува нешто подобро


Знаеме дека ова е некогаш тешко за верување, но вистина е. Ако погледнете наназад во кој било период од вашиот живот, веројатно ќе можете да видите дека добрите работи се случиле само откако нешто тргнало наопаку. Верувајте дека работите се случуваат со причина.

6. Ценете ја сегашноста


Секој момент од вашиот живот е драгоцен и никогаш нема да добиете шанса повторно да го доживеете. Затоа, не дозволувајте да помине покрај вас. На крајот, спомените се сè што ќе ви остане. Можеби еден ден ќе почувствувате носталгија за сите оние моменти што не изгледале забавно во моментот кога се случиле.

7. Не придавајте му големо значење на остварувањето на вашите желби

Повеќето луѓе живеат во ментална состојба која психолозите ја нарекуваат „врзан ум“. Тоа значи дека му придаваат големо значење на остварувањето на нивните желби, а кога не го добиваат она што го сакаат, почнуваат да имаат негативни мисли.

Многу е подобро да се има „неврзан ум“. Тогаш сте среќни без разлика дали ќе го добиете она што го сакате или не. Во овој случај, емоционалната состојба на личноста е или неутрална или позитивна - но никогаш негативна.

8. Сфатете ги и прифатете ги вашите стравови и бидете благодарни за нив

Стравот може да биде одличен учител. Надминувањето на вашите стравови често помага да се доближите до победата. За да ги надминете, потребна е практика. Стравот е илузија.

9. Не споредувајте се со другите


Ако треба да се споредите со некого, тогаш тоа треба да бидат само луѓе кои се полоши од вас. Не функционира? Тогаш бидете благодарни што имате работи неопходни за живот. Повеќето луѓе во светот немаат апсолутно ништо.

10. Сè е можно


Чуда се случуваат секој ден. Можеби е тешко да се поверува, но има толку многу позитивни работи што им се случуваат на сосема обични луѓе - луѓе кои се исти како вас.

Еден ден, кога ќе ја сфатите вистината за тоа, ќе можете да ги добиете сопствените битки.

Извор: ddl.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот