X
 26.01.2020 Здравје

Животни навики за здраво тело и здрав ум

Сè уште не постојат официјални податоци кои покажуваат во колкава мера различните фактори од опкружувањето влијаат врз нашиот мозок, но постојат неколку добри чекори кои ќе ви помогнат да се опкружите со работи што се добри за состојбата на вашето здравје и вашиот ум.

Хармонија со звуци и светлина

Вревата има лошо влијание врз вашето тело и вашиот ум, но хармоничните звуци влијаат на позитивен начин. Дајте сè од себе за да ги елиминирате лошите звуци и опкружете се со оние добрите. Пуштете ја музиката што ја сакате и уживајте.

Светлината има фантастичен ефект врз човекот. Природната сончева светлина е најдобриот извор. Сончевите зраци влијаат врз производството на хормони, метаболизмот и биолошкиот часовник. Без светлина имунитетот е слаб и многу луѓе паѓаат во депресија. Кога и да можете да излезете на светлина, направете го тоа.

Поврзете се со природата

Истражувањето објавено во 2008 година ја тестирало меморијата пред и по прошетката.

Една група шетала во природно опкружување, додека другата поминувала низ градот. Истражувачите откриле дека првата група го направила тестот за 20% подобро отколку пред прошетката, додека другата група што шетала низ градот не покажала никакви промени.

Освежете се со чист воздух

Покрај пријатните звуци и природната светлина, свежиот воздух е уште еден фактор за долгорочно здравје на вашиот ум и тело. Не може да се влијае врз квалитетот на воздухот надвор, но секако може во нашиот дом.

Домашните растенија служат како прекрасен освежувач, но ако живеете во средина со многу прашина, полен и загадувачи, потребни се повеќе од нив. Кога и да имате можност, добро би било да одите на планина.

Негувајте здрави врски

Негувањето здрави врски е една од најважните работи за здравје на умот. Многу истражувања докажале дека активните социјални интеракции се многу важни за здраво стареење.

Едно од тие истражувања направило испитување на 2.000 луѓе во период од 4 години. Од нив било побарано да го одредат нивото на социјален живот. Резултатите покажале дека луѓето со поактивен социјален живот имаат помали шанси да добијат деменција во староста.

Причината лежи во тоа што позитивната социјална интеракција го елиминира опаѓањето на когнитивните функции, така што го зајакнува имунитетот.

Исто така, редовниот сексуален живот го подмладува организмот и го продолжува животот. Затоа, важно е да ја негувате вашата сексуалност, а тоа ќе го постигнете со секојдневно вежбање и здрава исхрана. Кога сте задоволни со вашето тело, кога се чувствувате секси, тогаш сте среќни, позитивни и задоволни.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје