X
 16.09.2018 Живот

Експертите предупредуваат: Без жени нема напредок!

Родовата нееднаквост е една од најголемите пречки на човечкиот напредок, велат официјалните лица на ОН, кои во петокот го претставија индексот што покажува кои земји имале најголем напредок, а кои заостануваат.

Нигер се најде на последното место на човечкиот развоен индекс. Пред Нигер се Средноафриканската Република, Јужен Судан, Чад и Бурунди.

Норвешка, Швајцарија, Австралија, Ирска и Германија се наоѓаат на врвот на индексот, што ги рангира земјите според напредокот во здравството, образованието и приходот.

-Не можеме да зборуваме за човечки развој, ако не земеме во предвид 50 отсто од населението - вели Селим Јахан, главниот автор на Извештајот за човечки развој.

жени
Фото: Pixabay


-Родовата рамноправност и засилувањето на жените се клучни. Тоа не е споредна работа - додава Јахан.

Истражувањата покажуваат дека девојките кои остануваат во образовниот систем имат повеќе можност и поздрави образовни деца, што го подигнува државниот развој.

Јахан рече дека земјите треба да ги решаваат проблемите како: детски бракови, помалку жени во политиката, товарот на домашните обрски и ниското ниво на сопственост на земјиште.

Во извештајот на „УНДП“, кој првиот индекс го објави во 1990 година, се наведува дека светот значително напредувал на многу полиња. За нееднаквоста вели дека е нестабилна и неодржлива.

Земјтие погодени со конфликти се наоѓаат најниско на листата. Помеѓу 2012 и 2017 година, Сирија падна за 27 места, воглавно поради намалувањето на очекуваниот животен век, додека Либија падна за 26 места, а Јемен за 20.

Експертите ттврдат дека Сирија следната година би можела да биде на уште пониско место, поради влијанието на намалувањето на приходите, помалку ученици кои одат на училиште и масовна миграција.

Најголем напредок забележаа Ирска, Боцвана, Доминиканската Република и Турција.

Глобално, очекуваниот животен век порасна за 7 години од 1990 година, а во повеќе од 130 земји задолжително е посетувањето основно училиште.

-Направен е импресивен напредок - изјави Јахан на новинарската конференција.

-Но, постигнувањата се нерамномерни. Живееме во нерамноправен и поделен свет - додаде тој.

Очекуваниот животен век, варира од 52 години во Сиера Леоне до 84 години во Хонг Конг. Бруто домашниот производ изнесува 663 долари во Средноафриканската Република, додека во Катар изнесува 116.8 долари.

Возрасна личност во Германија, просечно била во образовниот систем 14 години, а во Буркина Фасо, 2 години.

На индексот за човечки развој, Македонија се најде на 80-то место. Животниот век во нашата земја е 79 години. Една личност ќе помине 13 години на училиште.



Јахан предупреди дека напредокот ќе запре, ако не се соочиме со климатските промени и еколошките проблеми.

-Оваа сериозна криза му се заканува на човечкиот развој и на овие, и на наредните генерации - пишува во извештајот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот