X
 16.11.2017 Култура

Еден обичен лајк на „Феjсбук“ открива повеќе отколку што мислите...

Во експеримент со кој биле таргетирани 3,5 милиони луѓе научниците анализирале еден обичен „лајк“ од корисниците на „Фејсбук“ со цел да влезат во неговиот психолошки отпечаток – без оглед дали тие биле интроверти или екстроверти.

Истражувачите, без никаков паричен бенефит, докажале како само еден мал дел од дигиталниот отпечаток на корисниците може да биде многу значаен за рекламите што подоцна им се презентираат.

Сè почнало од големата база на „лајкови“ од милиони анонимни корисници на оваа социјална мрежа. Луѓето што ѝ лајкнувале на Лејди Гага биле карактеризирани како екстровертни лица, а оние што лајкнувале на „Старгејт“ биле сметани за интроверти.

Рекламите подоцна биле креирани токму според овие карактеристики, а одѕивот ги вчудовидел и самите научници. Една реклама била прегледана дури 3.100.000 пати, а од секои десет илјади лајкови речиси 500 корисници навистина го купиле производот.

Како што велат, со овој експеримент сакале само да докажат дека сè што правите на социјалните мрежи претставува ваш отпечаток според кој подоцна ви се сервираат реклами.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура