X
 04.01.2017 Живот

Личниот предизвик на Марк Цукерберг за 2017 година

На неговиот Фејсбук профил, основачот на Фејсбук во вторникот ја откри неговата новогодишна одлука за 2017 година - да ја посети секоја држава во Америка и луѓето во неа до крајот на новата година.

 

марк


„После бурна година, мојот предизвик е да излезам и повеќе да комуницирам со луѓето за тоа како живеат, работат и размислуваат за иднината“, пишува Цукерберг.

Цукерберг изјави дека ќе патува во повеќе од 30 држави со цел да го заврши неговиот „личен предизвик“ за новата година. Фокусот ќе го стави на домашните земји, откако поминал неколку години патувајќи во другите делови од светот, после тешка година во Америка.

„Навлегувајќи во овој предизвик, се чини дека се наоѓаме пред пресвртна точка во историјата. Со децении, технологијата и глобализацијата не' направија повеќе продуктивни и повеќе поврзани. Ова создаде многу предности, но за многу луѓе, им го направи животот попредизвикувачки“, пишува Цукерберг.

Новогодишните одлуки за Цукербег станаа еден вид на традиција. Во 2016 година, Цукерберг се предизвика себси да истрча 105 километри во текот на годината. Тој исто така создаде алатка со вештачка интелигенција за неговиот дом, прочита 25 книги во една година и посвети време за учење на мандарински јазик.

„Мојата работа е да го поврзам светот и секому да му дадам глас. Сакам лично да слушнам повеќе гласови оваа година. Тоа ќе ми помогне подобро да ја водам работата во Фејсбук, за да можеме да имаме позитивно влијание, со влегувањето на светот во важен период“, пишува Марк.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот